Исповед на кумата: „Во пликот ставив 60 денари, а потоа невестата на свадбата нè изненади со една неочекувана постапка“
Опишаната сцена се случила токму за време на свадбата, соопштува анонимната жена, кога се омажила нејзината најдобра пријателка претходниот викенд, а таа била поканета да биде кума.
Кумата се наоѓала во незавидна финансиска состојба и не можела да подари многу, при што во свадбениот плик оставила само 1 евро, а потоа невестата ги изненадила сите гости со една неочекувана постапка.
Еве што вели анонимната жена:
„Претходниот викенд се мажеше мојата најдобра пријателка и јас и мојот сопруг подаривме плик, во кој ставивме 1 евро. Ни беше сосема јасно дека тоа е премалку, особено поради фактот што јас бев кума, но навистина немавме повеќе. Јас не работам, а платата на мојот сопруг е 200 евра. Едвај врзуваме крај со крај.
Најлошото се случи кога, откако ги собра пликовите, невестата одлучи дека на микрофон ќе зборува и ќе објави кој колку пари дал.
По првпат гледам некој јавно да ги открива подароците и да зборува кој колку пари ставил во свадбениот плик. Таа веќе започна еден по еден да ги отвара, кажуваше сум од 100, 200 евра и притоа ги читаше имињата на гостите. Кога дојде нашиот ред, јас и сопругот сакавме да се сокриеме под маса од срам.
Но, кога го отвори пликот, невестата пред сите гости гласно и гордо кажа дека од нејзината кума добила 500 евра и дека тоа бил најголемиот свадбен подарок.
Јас се шокирав. Се погледнавме со сопругот и ништо не ни беше јасно, сите започнаа да аплаудираат, а јас не знаев како да се однесувам. По неколку минути, откако заврши отварањето на подароците, невестата се доближи до мене и ми рече дека сака да ми ги врати парите, кои ги имав ставено во пликот, бидејќи е свесна и знае дека не се наоѓам во најдобра финансиска ситуација и на микрофонот излажала за сумата, за да ме заштити од лошите озборувања, кои гостите со нетрпение би ги чекале.
Започнав да плачам од среќа, бидејќи имам толку добра пријателка.
Кога си дојдовме дома, го отворив пликот, но освен нашето 1 евро, пријателката ставила 500 евра плус.
Јас ја имам најдобрата пријателка, на која вечно сум благодарна. Не сакам да го откривам нејзиното име, но таа најверојатно ќе се препознае, доколку го прочита овој текст.“- вели кумата.