Малку лук, ореви и мајонез и кралот на сите сосови е готов! Смеса со којa ќе ги трансформирате сите ваши јадења во вистински специјалитети
Луковиот сос се смета за крал на сите сосови и е најчесто употребуваната смеса ширум светот, благодарение на која јадењата стануваат чудесни и повкусни.
Неговата специјалност е неверојатната комбинација од нежност, пикантност и благата острина. Сосот, кој го обожаваат сите се приготвува на база на ферментирано млеко или мајонез, но бидејќи овие продукти не се достапни секогаш и секаде, киселата павлака со 20% масленост е совршена алтернатива за сосот.
Доколку барате вкусен сос за месо, тестенини и слично, ова е идеалниот рецепт за вас. Сосот буквално има моќ, сите јадења да ги трансформира во неверојатни специјалитети. Некои луѓе дури само го нанесуваат на парче леб и така најлесно уживаат во неговиот богат вкус.
Луков сос
Потребни состојки
- 1 кантичка кисела павлака
- 50 гр ореви
- Малку магдонос
- Малку коријандер
- Малку копар
- 1 чешне лук
- 25 гр чили пиперки
- 25 гр супена лажица мелен црн пипер
- Сол по ваш вкус
Начин на подготовка
Сомелете ги јаткастите плодови.
Потоа, насечете ги на ситни парчиња зеленчуците, колку што е најситно возможно.
Четвртина од лутите пиперки се вари, за да се отстрани прекумерената пикантност. Откако тие ќе се изладат, исечете ги на ситни парчиња, исто како претходниот зеленчук.
Во еден сад додадете го мајонезот или киселата павлака и потоа додадете го и лукот, зачините, оревите, лутите пиперки. Добро измешајте ги состојките и одозгора посолете со сол и мелениот црн пипер.
Моќниот и богат сос не е само идеален за вообичаеното место, туку одлично оди и во комбинација со риба. Истовремено тој е чудесен додаток во јадењата со компири, тестенини, салати и пици. На кратко, луковиот сос е универзална смеса, совршена за летото и кога сте расположени за скара.