„Имам 67 години и живеам сама- Ги молев децата да дојдат да живеат со мене или јас да отидам кај нив. Не ме сакаат. Не знам што да правам!“
Според истражувачите, осаменоста е во пораст, а луѓето се почесто се чувствуваат осамено. Секојдневно гледаме луѓе, кои можеби немаат ниту еден близок.
Најтешко е преживувањето на повозрасните луѓе, кои веќе се во подоцнежна возраст и затоа се соочуваат со поголеми потешкотии при создавањето нови познанства.
Денес ќе обратиме внимание токму на осаменоста кај постарите луѓе, преку емотивна исповед на една осамена жена во нејзината седма деценија, како совет од психолог на таа тема.
Еве што вели осамената жена по име Марија:
„Имам 67 години и живеам сама. Мојот сопруг одамна почина. Продолжив да работам, бидејќи тоа е единствениот спас во тие ситуации. Во последните неколку години живеам како робот и сум несреќна. Немам ниту едно хоби и ништо не ме интересира. Најверојатно затоа што веќе сум остарела. Му предложив на мојот син и неговото семејство (тој има 3 деца), да се преселам со нив во нивниот стан, но снаата е против. Секако очигледно е, таа не сака да живее со стара жена под ист покрив.
Самата јас повеќе би претпочитала да се преселам кај ќерка ми, но и таа веќе има свое семејство и не го сака друштвото на старите луѓе. Кога и да ги посетам, тие секогаш се многу среќни и гостопримливи. Ќе ме послужат со руечек, ќе ми сварат кафе, ќе ме сослушаат. И колку почесто одам таму, толку помалку имам желба да се вратам дома. Би сакала да бидам и јас среќна…“
Психолот Арина Липкина смета дека во овој конкретен пример, кај Марија, добрата вест е што осамената стара жена сфатила дека нејзиното секојдневние не е нормално, дека е премногу осамена и несреќна и направила први чекори за да ја реши таа ситуација.
Според психологот, кај луѓето кои се чувствуваат осамено, но истовремено се соочуваат до недостаток од ентузијазам, за да преземат нешто, најверојатно тоа е првиот индикатор на состојба на депресија.
Истовремено специјалистот Липкина смета дека Марија не треба да се чувствува старо, без ралика тоа што има 67 години. Не станува збор дека децата не го сакаат присуството на старите лица, туку едноставно како што човек станува сè повозрасен, тој го преферира мирот и тишината во домот и бара поголем личен простор.
„Во овој случај, Марија треба да се откаже од фантазијата да живее со своите деца, бидејќи постојат многу други начини на кои може да го реши проблемот со осаменоста. Таквите лица имаат потреба од нов социјален живот.“- вели психологот.
Според психологот, децата веќе имаат оформено свој живот и тие веќе имаат деца за кои мора да се грижат. Д-р. Липкина вели дека кога некој отворено ви кажува дека не сака да живее со вас, насилните промени не се решението. Затоа потребно е на свој начин повторно да ја пронајдете смислата на вашиот живот.
Тоа најдобро ќе го направат доколку размислат што сакаат, да се потсетат на некои заборавени желби во младоста, за кои можеби немале толку слободно време.
Според експертите, тесниот круг на интереси или навидум немањето никакви интереси, ќе тера луѓето да се чувствуваат осамено и да мислат дека се во безизлезна ситуација.
Потребно е да се пронајде хоби, а хобито може да доведе до нови познанства со стари лица кои исто така се чувствувале осамено.
Д-р. Липкина смета дека од голема важност е старите осамени луѓе да постапуваат на овој начин, бидејќи така ќе дадат пример и за своите внуци т.е дека никогаш не треба да ја изгубиме волјата и желбата за живот, без разлика на која и да сме возраст.