Која жена не сонува да се ослободи од вишокот килограми и тоа за само една недела? Токму вакви резултати гарантира следната диета со една од омилените домашни состојки- киселото млеко.

Ефикасното губење на тежина со помош на оваа диета не е никакво изненадување, бидејќи ферментираниот млечен произвид содржи минимални калории.

Истовремено е особено богат со протеини, кои се важни за зацврстувањето на мускулите, потоа во неговиот состав влегуваат многу корисни витамини и добри бактерии, кои се клучни за нормализирање на цревната микрофлора.

За таа цел, за денес ви подготвивме 7-дневно мени кое е верзија на т.н моно диета, а диета која ќе ви помогне да ги постигнете посакуваните резултати за кратко време, без притоа да мора да гладувате. Диетата ќе му овозможи на вашиот организам губење по 1 килограм дневно, а притоа ќе бидете во одлично расположение и полни со енергија.

Диета со кисело млеко и јајца

Киселото млеко е неопхона состојка за оваа диета, а втор основен елемент се јајцата. Тие се богати со протеини и микроелементи, кои ќе ве заситат на подолго време. Третата главна состојка во диетата е урдата. Покрај протеини, богата е калциум, фосфор и витамин Б12.

7-дневен план

Понеделник

Појадок: 2 портокали, 2 варени јајца, 1 кантичка кисело млеко со 2.5% масленост

Ручек: 1 кантичка кисело млеко, 200 гр пилешки стек на скара или печен

Вечера: 200 гр урда, 1 кантичка кисело млеко, 1 портокал

Вторник

Појадок: 2 портокали, 2 варени јајца, 1 кантичка кисело млеко

Ручек: 200 гр бела риба, печена или варена, 1 грејпфрут

Вечера: 200 гр урда, 1 кантичка кисело млеко

Среда

Појадок: Омлет од 2 јајца со зеленчуци и 1 кантичка кисело млеко

Ручек: 200 гр овесни снегулки со кисело млеко и 3 ореви

Вечера: 200 гр урда, 1 кантичка кисело млеко

Четврток

Појадок: 2 портокали, 2 варени јајца, 1 кантичка кисело млеко

Ручек: 1 кантичка кисело млеко, 200 гр пилешки стек

Вечера: 200 гр урда со зеленчуци, половина чешне лук и 1 краставица

Петок

Појадок: 2 варени јајца, 150 гр салата од моркови, приготвена со масло и семки од сончоглед

Ручек: 200 гр варено или печено телешко месо и 1 портокал

Вечера: 200 гр урда, 1 кантичка кисело млеко

Сабота

Појадок: Омлет од 2 јајца со зеленчуци и 1 кантичка кисело млеко

Ручек: 200 гр бела риба, печена или варена, 1 грејпфрут

Вечера: 200 гр урда со зеленчуци, половина чешне лук и 1 краставица

Недела

Појадок: 2 портокала, 2 варени јајца, 1 кантичка кисело млеко

Ручек: 200 гр овесни снегулки со кисело млеко и 3 ореви

Вечера: 200 гр урда, 1 кантичка кисело млеко