Вашиот избор за боја на кармин, открива многу повеќе за вас, отколку што мислите
Ова можеби ќе звучи изненадувачки за дамите, но предметите што се наоѓаат во вашата торба за шминки, открива многу за вашето вистинско лице. Кога се шминкате, всушност се изразувате преку изберените бои.
Различните нијанси и тонови имаат различно значење, како што на пример, црвената е индикатор за страствен карактер, а портокаловата за весел.
Во продолжение изберете ја вашата омилена боја на кармин, која вообичаено е ваш чест и прв избор и прочитајте што истата открива за вас.
1. Портокалова
Имате одлична смисла за хумор и вообичаено вашето слободно време го трошите ширејќи нови познанства. Вие сте социјална пеперутка со природно забавен карактер, која секогаш го привлекува туѓото внимание, а луѓето ве обожаваат поради вашиот позитивизам.
2. Црвена
Вие сте една храбра и бестрашна дама, која секогаш победува кога е соочена со нови предизвици! Една од најважните работи за вас е да работите упорно, за да ги претворите вашите соништа во реалност. Ги цените и претпочитате едноставните и класични работи, нешто за кое црвениот кармин е вистински синоним.
3. Розева
Вие сте грижливата личност во друштвото. Кога и некој од вашите најблиски или пријатели да има проблем, првата личност кај која ќе побара утеха и помош, сте токму вие. Вие сте личност полна со љубов и емпатија, па дури и понекогаш премногу емотивна. Сепак, тоа е она што најмногу ги привлекува луѓето кон вас- вашата чувствителност.
4. Неутрална
Вие најмногу уживате во едноставните работи и секогаш се обидувате со малку труд, да постигнете многу. Најмногу ја цените искреноста и ја мразите лицемерноста, без разлика дали станува збор во однос на вашите најблиски или пак, луѓе кои првпат ги гледате. Пријателите ве обожаваат поради опуштетниот карактер, како и способноста да ја смирите топката во секоја ситуација.
5. Кафеава
За вас, семејството е секогаш на прво место! Колку повеќе време поминувате со истото, толку посреќни станувате. Голем обожавател сте на традицијата и сакате да ги негувате спомените. Знаете да бидете носталгични, а тоа да го манифестирате со гледање стари филмови и уживање на музиката која порано ви била омилена.
6. Виолетова
Кога еднаш ќе сфатите што сакате, никој и ништо не може да ве запре во освојување на истото. Некои би рекле дека сте тврдоглава личност, но едноставно вие сте само една упорна личност, која знае што сака. Роден лидер сте, кој со леснотија може да ги натера луѓето да го заследат. Ги обожавате натпреварите и не сакате ништо помалку од самата победа.
7. Црна
Не се грижите за туѓите мислења. Го живеете животот на најдобар може начин и сте многу независна личност. Правилата се создадени за да бидат прекршени, а вие сте вистински бунтовник кој секогаш размислува надвор од кутијата. Имате силна филозофска страна и секогаш успевате да ги изненадите луѓето околу вас.
8. Светла и силна впечатлива боја
Вие сте вистинска уметница: Екстремно креативна личност и уникатна, во очите на останатите. Можеби понекогаш луѓето имаат потешкотии да ве разберат и сфатат, но вистината е дека вие едноставно сте многу пред вашето време. Забавна и огромен идеалист. Сонувате на големо и секогаш ги остварувате вашите цели.