8 совети како да ја бојадисате вашата коса, во домашни услови, притоа да изгледате беспрекорно како да сте излегле од фризерскиот салон
Бојадисувањето на косата во домашни услови, само по себе е доста смел чекор, кој може да биде успешно направен, само треба да ги знаете основните златни правила.
За да ви олесниме, денес ви ги претставуваме најчестите грешки кои дамите ги прават при бојадисувањето во домашни услови и совети како истите да ги избегнете.
1. Сакате драстична промена во бојата на косата
Тоа е најлесниот мотив зошто веднаш да отидете во фризерскиот салон и да потрошите голема сума на пари. Во домашни услови сепак, третманот би бил крунисан со успех, само доколку имате познавања за боите. Во спротивен случај, експертите за коса не препорачуваат во домашни услови, дами да прават драстични промени во бојата на косата.
2. Сте ја избрале погрешната боја
Големиот проблем со фарбите за коса, е начинот на кој се подредени на полиците во продавниците. Премногу навидум слични нијанси ставени една до друга, во поголемиот дел од времето оставаат погрешен впечаток за каква боја всушност се работи. И така, по употребата на купената фарба, жените сфаќаат дека направиле сосема погрешен избор т.е дефинитивно не е бојата која мислеле дека ја избрале.
На пример, земате фарба на која пишува дека бојата е златна, а по бојадисувањето сфаќате дека всушност е портокалова.
Професионалците знаат како да ја изберат правилната палета на бои, бидејќи за тоа и се платени. Затоа, за изборот на совршената нијанса за вас е најдобро претходно да се консултирате со експерт или едноставно избирајте нијанса која соодветствува на вашиот тен.
3. Не ги знаете правилата
Најверојатно ќе се запрашате „какви правила?“. Бојадисувањето на косата е комбинација од знаење и искуство. Златно правило е дека не треба да се нанесуваат различни бои, една врз друга. Доколку да речеме пример, вашата природна боја на косата е темно чоколадна, но барате посветла нијанса, не помислувајте веднаш дека изборот на светла нијанса ќе ја скроти вашата природна темна боја.
Ваквата постапка само ќе придонесе вашата коса да изгледа уште потемно, а притоа со посветли краеви.
4. Мислите дека бојата не е трајна
Тоа е една од најголемите заблуди, според експертите. Скоро сите фарби за коса се со трајно дејство, без разлика што пишува на декларацијата. Бојата може и да избледне, но остава траги, кои влијаат врз косата при следното бојадисување. Затоа од голема важност е првиот избор на боја која ќе ја изберете, без разлика дали на амбалажата ја пишува како трајна или привремена.
5. Не се бојадисувајте за време кога се наоѓате под емотивен стрес
Ова можеби ќе ви звучи чудно, но всушност е факт. Разделбата од партнерот, новата работа и слично- Сето тоа се работи кои може да предизвикаат нервоза кај дамите, а најдобро е таа нервоза да не ја насочуваме кон косата. Последиците од тоа се, она што вчера со чаша вино ви се чинело како добра идеја, следното утро може да биде вистинска катастрофа.
Особено доколку сте направиле грешка, употребувајќи темни тонови, особено црна боја. Темните бои за коси се особено тешки за справување и корекција.
6. Не ја нанесувате бојата рамномерно
Овој чекор се смета за најлошата грешка, бидејќи често ја приметуваме многу подоцна, откако веќе сме завршиле со бојадисувањето. Тоа воедно и најголемата разлика меѓу бојадисувањето во домашни услови и во фризерски салон. Бојадисувањето на своја рака е гаранција за нерамномерно нанесена боја, тврдат експертите. А грешката најмногу се забележува кај жените кои се обиделе да ја остветлат малку косата или да станат блондинки.
Најдобро е, кога веќе бојадисувањето сте го испланирале да го направите дома, да побарате помош од својата пријателка или мајка или претходно да се консултирате со фризер кој ќе ви даде инструкции, кои движења на четката се најдобри за таа цел.
7. Се бојадисувате пречесто
Повеќето жени веднаш ја фаќаат четката, кога ќе забележат или кога едноставно ќе посакаат да направат мало обновување на бојата или да направат некакви мали корекции, за да се спасат од уште едно одење во фризерскиот салон.
Обновувањето на бојата е успешно само доколку косата веќе пораснала. Пречестото бојадисување не само што во најчест случај резултира со теми краеви, а светли врвови, туку и до оштетување на косата.
8. Користите белило за коса
Тоа е огромна грешка, според специјалистите за коса. Отстранувањето на трајна боја за коса, е нешто кое треба да биде препуштено во рацете на професионалците. Преминувањето од бринета во блондинка е продолжителен процес, кој опфаќа повеќе фактори и затоа дамите прават големи грешки кога сметаат дека само едноставна употреба на белило ќе им помогне во замислата.