Печен зеленчук на Италијански начин
Букет од зачини, многу лук, маслиново масло и пармезан. Лесни за подготовка, многу вкусни печени зеленчуци.
Потребни производи:
2 тиквички
1 кг мали, свежи компири
200 гр печурки
10 лукчиња
100 г домати
1/2 лажиче сува мајчина душица
1/2 лажиче суво оригано
црн пипер
сол
60 г рендан пармезан
50 мл маслиново масло
2 стебленца свежа мајчина душица
Начин на приготвување:
Загрејте ја рерната на 220 степени.
Измијте го зеленчукот, тиквички и компирите, без да ги лупите, исечете ги на парчиња. Ставете ги во сад. Посипете ги сувите зачини, сол, бибер и полијте ги со маслиново масло. Измешајте ги добро и ставете ги во тава, обложена со хартија за печење. Ставете одозгора 2 стебленца свежа мајчина душица. Печете околу 30 минути.
Извадете ги и уште топли посипете ги со рендан пармезан.