13 промени кои ќе му се случат на вашето тело, доколку започнете да консумирате по 1 краставица дневно
Дури уште од античко време, краставиците биле најкористената состојка во Индија, за целите на алтернативната медицина.
Тоа се должи на фактот, што во топла земја како Индија, ова овошје (да, овошје, не е зеленчук) е најдобриот избор за консумација, бидејќи ја одржува хидратацијата и температурата на самото тело. А оваа придобивка, не е единствената што краставицата може да му ја овозможи на организамот.
Во продолжение, за денес ви откриваме 13 здравствени придобивки кои може да настанат во вашето тело, доколку започнете да консумирате по 1 краставица на ден:
1. Ќе бидете подобро заштитени од невролошките болести
Антивоспалителните флавонли наречени фисетин, кои влегуваат во составот на краставиците се идентификувани за нивната улога како заштитници на здравјето на мозокот. Краставиците воедно содржат и фосфор, кој значително го намалува ризикот од негативни контивини болести. Консумирањето краставици ќе го подобри вашето размислување и паметење.
2. Може многу брзо да ги изгубите вишокот килограми
Високиот процент на вода во краставиците му овозможува на телото побрзо да премине во фаза на ситос, при што на овој начин ќе воспостави контрола и врз самата телесна тежина. Краставиците не содржат масти, а воедно имаат многу малку калории.
3. Ќе се намали ризикот од рак
Покрај неговите антивоспалителни и антиоксидантни својства, научниците сега флавоноидот фисетин го поврзаа директно со намалувањето на ризикот за појава на одредени видови на рак.
4. Ќе се подобри дигестијата
Краставиците содржат доволно количество хранливи влакна, витамини и вода, кои значително ја подобруваат функцијата на дигестивниот систем и го забрзуваат метаболизамот.
5. Телото ќе добие поголема хидратација
Околу 95% од краставицата е всушност вода, па така, консумирањето на ова овошје, ќе ја зголеми хидратацијата на организамот, која е од големо значење, за да истиот функционира нормално и правилно.
6. Кожата ќе стане помека и поблескава
Краставиците му ја даваат потребната хидратација на телото, а тоа е одлично за самата кожа. Воедно, тие содржат и Б витамини, како нијацин и рибофлавин, како и витамин Ц и цинк, кои се клучни за одржувањето на беспрекорна кожа. Краставиците го спречуваат и предвременото стареење.
7. Ќе се подобри квалитетот на косата и ќе забележите намалување во косопадот
Б витамините кои влегуваат во составот на краставиците, се исклучително корисни за скалпот и здравјето на косата. Биотин, рибофлавин, нијацин и витамините Б5, Б6 и Ц, играат важна улога во растот на косата, при што го спречуваат нејзиното опаѓање и ја спречуваат појавата на бели влакна.
8. Ќе се подобри кардиоваскуларното здравје
Краставиците содржат калиум, магнезиум и витамин К. Овие 3 нутритиенти се од огромна важност за правилното функционирање на кардиоваскуларниот систем. Витаминот К е витален фактор во коагулацијата на крвта и регулирањето на нивото на калциум во крвта. Консумирањето краставици ќе го регулира крвниот приситок и холестерлот.
9. Ќе биде регулирано нивото на шеќери во крвта
Краставиците содржат високо количество на фенолни соединенија, флавоноиди и тритерпени. Според истражувачите, консумирањето краставици директно се поврзува со контролирањето на високото ниво на шеќери во крвта.
10. Коските ќе се зајакнат
Краставиците содржат витамин К и калциум, кои се клучни за цврстината на коските. Витаминот К е откриено дека го намалува ризикот од фрактури на коските и игра голема улога во апсорбирањето на калциум во коските.
11. Телото ќе се исчисти и ослободи од токсини
Краставиците имаат природни својства на детоксификација, при што редовното консумирање на ова овошје, ќе резултира со тело прочистено од токсични материи
12. Ќе се подобри здравјето на забите
Краставиците содржат молибден и флуор, комбинација која е клучна за поправање на состојбата на забите.
13. Хормоните ќе бидат подобро балансирани
Фосфорот е клучен нутритиент за одржување на рамнотежата на хормоните во телото. Тој се поврзува со ендокрините жлезди и помага во создавањето и ослободувањето на хормоните. Краставиците содржат околу 4% од количеството на фосфор што се препорачува за дневен внес кај возрасните лица.