Избелување на 6 начини, без избелувач- Вашите алишта ќе заблескаат од белина, како првиот ден кога ги купивте
Белата боја симболизира чистота, совршенство и добрина. Белата облека отсекогаш била поврзувана со висок социјален статус, а личностите облечени во бело, секогаш добивале огромна почит од останатите.
Елегантни бели парчиња облека во плакарот речиси имаат сите луѓе. И покрај нивната неверојатна убавина, белите алишта имаат еден недостаток- премногу брзо се валкаат. Чистењето на белата облека знае да биде навистина тешко, а за некои дамки, тоа претставува вистинска невозможна мисија.
Затоа, за таа цел, денес решивме да ви откриеме необични и ефикасни начини, како да ги избелите омилените бели парчиња облека.
1. Избелување со аспирин
Овој лек за главоболка забележително и многу ефикасно ги отстранува жолтите дамки од белите алишта. За да го употребите овој трик, потребно е да растворите 5 таблети аспирин во вода и во истата потопете ја облеката. Оставете да отстои, а потоа исперете на вообичаениот начин.
2. Сода бикарбона
Во 4 литри вода, додадете 1 шолја сода бикарбона. Потопете ги белите алишта во тој раствор. По процесот, вашата облека веднаш ќе заблеска!
3. Сок од лимон
За да успешно ја вратите назад белата боја на вашата облека, растворте 1 чаша сок од лимон во топла вода и потопете ги алиштата. Оставете ги да отстојат во текот на целата ноќ, а следното утро исперете на вообичаениот начин.
4. Оцет
Додадете 1 чаша оцет при детергентот за перење алишта. Откако ќе бидат исперени и исушени, без грижи, киселиот мирис успешно ќе испари, а со него ќе испарат и здодевните дамки.
5. Средство за миење садови
Најдобро е да се користат производи, кои содржат помалку хемиски компоненти т.е без фосфати и хлор. Средствата за миење садови ги избледнуваат парчињата облека, многу поефикасно од некои детергенти за алишта.
6. Водород пероксид (3%)
Водородот пероксид може да се користи и за избелување на многу површини во рамките на домот. Ова чудесно средство за избелување без хлор, може да се додаде за време на перењето на алиштата во машината.
Различните препарати, кои содржат високо количество на хемиски соединенија, често може да предизвикаат алергии. Затоа, доколку е возможно, секогаш потрудете да користите природни производи, кои се многу поефикасни и притоа нема да му наштетат на вашето здравје.