Многубројните лековити својства на црницата
Кора на црницата
Горчливата кора на црница се користи како средство за заштита против цревни паразити, особено глисти. Кората лекува болести на цревата, желудникот, диспепсија и помага за труење со храна, алкохол и печурки. Прашокот добиен од кората се користи за мелеми за надворешна употреба за побрзо заздравување на рани.
Лековити својства на црница:
– го подмладува телото
– го регулира шеќерот во крвта
– намалување на ризикот од дегенеративни болести
– ги зајакнува бубрезите
– го чисти црниот дроб
– помага при запек
– ја подобрува крвната слика
– ги ублажува симптомите на грип и настинки
– помага при труење со храна, алкохол, печурки
– го забрзува зараснувањето на раните
Овошјето и кората, се собираат од јуни до август, а лисјата во пролет. Во кулинарството црницата се користи како секој друг плод – од кој може да се направи сок, џем, сладолед, сос, ја користат за подготовка на десерти и колачи.
Сируп против треска, воспаленија
Килограм црна црница се става во половина литар вода и се додаваат две лажици јаболков оцет. Да отстои 24 часа.
Следниот ден, промешајте ја смесата со кафеав шеќер или друг природен засладувач што сакате и варете до саканата густина. Сипете во стерилизирани шишиња и да се пие неколку пати на ден, може и да се разреди со вода.