Според научниците секој ужива во овие предмети, но никој не размислува на колку време треба да се менуваат бидејќи немаат рок на употреба.

Перници

По две години употреба колку и да ги переме и чистиме, во нив се собираат мртви клетки и прашина. Затоа е препорачливо на секои две години да се заменат со сосема нови.

Чевли

Можеби е чудно, но не треба да се носат повеќе од една година. Или поточно од една сезона, колку и да ви се омилени. Иако може да се скапи и брендирани ако со нив се поминат 3 илјади километри ја губат еластичноста и удобноста.

Крпи

Крпите се вистински одгледувачи на бактерии. Може да се создадени за одржување на хигиената, но фактот дека често се влажни значи размножување на бактериите. Кои дури и по перењето не умираат.

Четки за заби

Треба да се менуваат на два до три месеци. Во нив, исто така се развиваат бактерии. А и влакното се деформира.

Зачини

Никој не размислува за рокот на траење на зачините. Кога тие се застарени, не дека се штетни, но го губат вкусот.