12 видови на храна кои може да му наштетат на нашиот организам, доколку ги консумираме во погрешно време од денот
Статистиките покажуваат дека денес ние консумираме 20% повеќе калории, отколку нашите претци. И иако повеќето луѓе се трудат да одржуваат правилен и здрав начин на исхрана, сепак тоа може да биде навистна тешко, бидејќи постојат многу правила кои треба да се почитуваат.
Така на пример, едно од правилото е времето од денот кога треба да се консумира одредена храна. Сепак, ова правило не е научна фантастика и може лесно да се примени, а во продолжение откријте кое време е најдоброто за консумирање одредени видови на храна:
1. Банани
Иако бананите се чинат за добар избор за почеток на денот, сепак доколку се консумирани на празен стомак, тие всушност може да го намалат вашето ниво на енергија. Можеби на почетокот ќе почувствувате зголемување на енергијата, поради внесот на шеќер, но по неколку часа, повторно ќе се чувствувате гладни и уморни.
Консумирањето банана на празен стомак не се препорачува на луѓето кои страдаат од синдром на нервозни црева, бидејќи може лесно да доведе до дијареја.
Не е потребно бананите да ги исфрлите од вашето мени, туку едноставно кога ги консумирате, да ги комбинирате и со друга храна.
2. Кафе
Иако за повеќето, пиењето кафе веднаш штом ќе отворат очи наутро, е утрински ритуал без кој не можат, всушност оваа навика е сосема бескорисна. Едно истражување покажало дека пиењето кафе пред оброк ја подобрува вашата толеранција на кофеин. Во првите часови по будењето, телото произведува кортизол, при што потребно е овој процес да не се прекинува, а со тоа да не се прекинува и биолошкиот ритам на телото.
Едноставно наутро почекајте одредено време пред да се напиете кафе. Воедно, пиењето кафе во вечерните часови треба да се избегнува, бидејќи доведува до нарушен сон и несоница.
3. Ориз
Иако некои луѓе уживаат во традиционален деликатес со ориз, после долгиот дел на работа, консумирањето ориз за вечера не е најдобриот избор. Оризот содржи бројни сложени јаглехидрати, на кои им е потребно подолго време за да се сварат во организамот. Истовремено, не треба да се консумира во вечерните часови, бидејќи покрај тешката сварливост, оризот содржи повеќе калории, што доколку го консумираме во погрешно време, може да доведе до појава на вишок килограми.
Оризот е одличен да се консумира за време на ручек, бидејќи на телото му дава неверојатна енергија. Воедно, во тоа време од денот, нашиот метаболизам работи побрзо, со што на телото ќе му биде полесно за дигестија на оваа храна.
4. Шеќери
Доколку се обидувате да практикувате здрава и балансирана исхрана, најдобро е да ги избегнувате преработените шеќери, иако сите сме свесни дека понекогаш е навистина тешко да не се падне во искушение. Клучната грешка која сите ние ја правиме е тоа што често шеќерите ги консумираме како грицки, меѓу оброците. На овој начин, нивото на шеќер во крвта се зголемува, резултирајќи со чувство на замор и нервоза.
Најдобро е шеќерите да се внесат како десерт, веднаш по главниот оброк т.е ручекот во текот на денот. На овој начин, ќе се избегне драматично зголемување на нивото на шеќер во крвта.
5. Млеко
Кај некои луѓе, уште од детството им останала навиката, денот да го започнуваат со чаша млеко, но таа навика не функционира најдобро кај возрасните луѓе. Млекото е тешко сварлив напиток, па неговото консумирање во утринските часови или комбинирање со други видови храна, може да доведе до стомачни болки.
Најдобро е во вечерните часови да се консумира чаша топло млеко. Бидејќи во тоа време од денот, млекото ќе го смири организамот и ќе му овозможи квалитетен сон.
6. Месо
Месото е одличен извор на протеини и витамини Б, но консумирано во погрешно време, може да ја отежни функцијата на дигестивниот систем. Затоа се препорачува да не се консумира стек пред спиење. Доколку претпочитате да јадете месо, тогаш тоа треба да биде најмалку 3 часа пред спиење и потребно е да изберете чисто месо.
Месото сепак е најдобро да се консумира за време на ручек, а исто така да се избегнува да се консумира во утринските часови, бидејќи би можело повторно да биде премногу тешко за дигестија.
7. Јаткасти плодови
Јаткастите плодови се одличен извор на здрави масти и калории, но не се најдобриот избор за вечерни грицки, бидејќи за нив е потребно подолго време за дигестија, што може да ве остави подолго време будни.
Изберете да консумирате јаткасти плодови во утринските часови, а тоа ќе ви донесе бројни придобивки: Подобрено здравје, нормализирано ниво на холестерол, ќе ви помогне во слабеењето и се одлични за убавината на кожата и косата.
8. Кашкавал
Консумирањето тост со кашкавал пред спиење звучи одлично, но сепак избегнувајте да го консумирате овој производ во вечерните часови, бидејќи на кашкавалот исто така му е потребно повеќе време за дигестија, а тоа може да го наруши вашиот сон.
Од друга страна, консумирањето кашкавал за појадок, ќе му го даде потребното количество калциум на телото, со што ќе ги зајакне мускулите и коските.
9. Цитрусни овошја
Започнувањето на денот со свежо исцеден сок од лимон или портокал може ни се чини како здрава варијанта, но сепак не е така. Цитрусните овошја се високо кисели, при што нивното консумирање веднаш по оброкот, може да го поттикне производството на желудечни киселини и непријатно стомачно чувство. Едноставно, почекајте малку време по оброкот, па тогаш уживајте во овошниот напиток.
10. Грав
Гравот има висока застапеност на хранливи влакна, па неговото консумирање во вечерните часови, може да доведе до подуеност на стомакот и да го намали квалитетот на сонот.
Гравот е совршен за ручек, па дури и појадок, бидејќи во тоа време од денот би бил полесен за дигестија, со што ќе ја избегнете стомачната подуеност.
11. Јаболка
Јаболката содржат високи хранливи вредности и во својот состав имаат природни киселини, кои ја подобруваат функцијата на стомакот и дебелото црево. Но, доколку консумирате јаболка во вечерните часови, тоа ќе доведе до појава на желудечни кисели и непријатно чувство во стомакот.
Најдоброто време за консумирање на јаболка е во утринските часови.
12. Јогурт
Се препорачува да се избегнува консумирањето јогурт на празен стомак или пред било кој оброк. Јогуртот содржи млечна киселина, која може да ја намали киселоста во стомакот, со што ќе ја забави и дигестијата.
Најдобро време за консумирање на јогуртот е 1-2 часа по главниот оброк во текот на денот, со што подобро ќе се зајакнат мускулите.