Сведоци сме на брзиот развој на технологијата и како таа напредува во однос на третманите за убавина, но истовремено сведоци сме на навраќањето на вековно тестираните и антички ритуали за нега на убавината и подобрување на здравјето.

Денес ве водиме низ 5-те најефикасни антички лекови, кои сè уште се ефикасни и во денешно време.

1. Турција: Есенцијата на розата

Розата е класична состојка, чија моќ е претворена во дестилирана вода и така користена со векови. Веќе долго време, Турција е еден од најголемите произведувачи на розата, а употребата на прочистена вода од роза за нега и убавина, во земјата датира уште пред 2.000 години.

Составот на розата е преполн со витамини, минерали и антиоксиданти, кои неверојантно ја навлажнуваат кожата. Воедно, ова величествено цвеќе има антисептични и антивоспалителни својства, кои успешно ја намалуваат секоја иритација и црвенило на кожата.

Понатаму, екстрактот од масло од роза може да биде одличен третман во борбата против псоријаза и атопичен дерматитис.

Бројни истражувања покажаа дека есенцијалното масло од роза може да го забрза процесот на лекување и заздравување на раните, помагаат кожата да ја задржи својата хидратација и ги успешно го намалува нивото на кортизол- хормонот одговорен за стресот во телото.

2. Франција: Креми за раце

Ако биле доволно добри за Марија Антоанета, тогаш добри се за сите нас. Озогласената француска кралица често се споменува кога станува збор за третманите и ритуалите за убавина во дамнешно време. Таа била позната по тоа што секогаш ја негувала својата кожа со балсами и навлажнувачки креми на рацете, а пред спиење, облекувала ракавици, за да им овозможи на состојките ефикасно да си ја завршат својата работа.

Денешните третмани во козметичките салони не се премногу различни. Парафинските третмани го следат истиот метод: Рацете се потопуваат во топол восок, а потоа се завиткуваат, со што му се овозможува на восокот правилно и длабоко да ја хидратира и смири кожата. Истовремено, овој метод може да помогне во ублажување на болката во зглобовите, што е честа појава при ревматичен артртитис.

Овој третман може лесно да го практикувате и во домашни услови: Едноставно нанесете хранлива и навлажнувачка крема на рацете, а потоа облечете памучни ракавици и оставете неколку часа или во текот на целата ноќ да отстои така, а за возврат ќе добете супер мазни резултати.

3. Финска: Третмани со топлина

Придобивките од седење во просторија затоплена со јаглен биле усвоени уште во 1112-та година во Финска, а затоплувачките третмани- од сауни до солни пештери и инфрацрвени соби, сè уште се популарни и денес.

Високото затоплување на просториите при што се добива сува топлина во сауната, резултира со мноштво придобивки. При едно истражување од 2018-та година, било докажано дека редовното одење во сауна, може да го стабилизира нервниот систем, да го подобрат кардиоваскуларното здравје, да го намалат воспалението предизвикано од преголем стрес и да ја ублажат вкочанетоста на артериите.

Истражувачите истовремено докажаа дека едноставен третман од 30 минути поминати во сауна, можат истовремено ефикасно да го намалат и стабилизираат крвниот притисок.

Најновата употребна на топлинските термани во фитнес индустријата, се т.н инфрацрвени соби. Примарната разлика меѓу традиционалната сауна, е тоа што се користи специјална инфрацрвена топлина за таргетирање на специфични зони од телото, при што со загревање на мускулите и кожата, може да помогне во неверојатно ослободување од тензија.

4. Индија: Куркума

И додека на Западот, порастот на популарноста на оваа состојка се забележува во последните неколку години, во традиционалната ајурведиска практика, овој чудесен корен се користи повеќе од 4.500 години- комбнирано во храната, млекото,  маски за кожа и сл, неговите лековити својства се повеќе од извонредни.

Истражување од 2017-та година за куркуминот- соединението кое влегува во составот на куркумата, откри дека овој зачин може да помогне во намалување на оксидативните и воспалителни својства, метаболниот синдром, артритисот, па дури и анксиозноста. Истовремено, редовното консумирање на  куркума, ефикасно го намалува воспалението во мускулите предизвикано од зголемена физичка активност, како вежбањето.

Куркумата е одличен имунолошки зајакнувач, со моќни антиоксидантски својства, кои се за 8 до 10 пати посилни од својствата на витамините Ц и Е. Тоа е сосема доволно за да згаснување на хидроксалниот радикал, кој се смета за најраспространет оксидант, одговорен за оштетување на телото.

Неодамнешно истражување покажа дека куркумата ги инхибираат т.е спречуваат патогените бактерии, вируси и габични инфекции, вклучувајќи ја и кандидата.

5. Кина: Акупунктура

Оваа 2.000-годишна терапија е докажано ефикасна во областа на медицината, при што лекарите и експертите ја препорачуваат како третман за намалување на хронична болка, зголемување на плодноста, помагање и ублажување при астма и ослободување на мускулите од тензија. Акупунктурата користи игли со различна должина, за стимулирање на нервниот систем и имунолошките клетки, што пак, позитивно влијае врз лимфниот, циркулаторниот и дигестивниот систем, а воедно ја подобрува емотивната и конгитивна функција на телото.

По практикувањето и лечењето, многу пациенти ширум светот продолжуваат од време на време да ја практикуваат оваа кинеска терапија, за одржување на здрав начин на живот. Според кинеската медицина, акупунктурата му помага на телото да ја приспособи својата енергија кон енергијата на природата, која се менува со текот на годишните времиња.

Денес овој третман се користи и при козметичките процедури за нега на кожата, кои се насочени кон справување со состојбите како егзема, розацеа и псоријаза, како и при козметичките третмани за подобрување на тенот.

Методот воедно ја зголемува хидратацијата и еластичноста на кожата, а резултатите се веднаш видливи.