11-те најскапи венчавки во историјата на светот: Кој пар не штедел воопшто и платил 1 милијарда долари?
Венчавката и свадбениот ден е највозбудливиот момент во животот на луѓето кои решиле да стапат во брак. Стапувате во брак со личност која ќе ја сакате и цените до крајот на животот, а која истото ќе го направи за вас.
Планирањето на венчавката, од друга страна може да биде доста стресно, а и скапоцено. Потребно е да се испланира распоредот на седење на гостите, храната која ќе се служи, треба да се избере венчаница, фризура, шминка, костим и уште мал милион на работи.
Во просек, цената на венчавките во САД, минатата година изнесувала 45.000 долари, што е за 18.000 долари повеќе од просекот од претходните две години.
Се подразбира, успехот на еден брак нема никаква врска со сумата на пари која ќе се потроши за венчавката. Среќниот и успешен брачен живот се заснова на комуникацијата, почитта и негувањето на интимноста.
Сепак за славните парови кои ја обожаваат екстравагантноста, свадбите и венчавките се уште една од низата работи на која уживаат да трошат вистинско богатство, а во продолжение следуваат 11-те најскапи венчавки во историјата на светот, од кралски до холивудски: