Со едноставни вежби од 5 минути дневно дома до затегнат задник и тенки нозе
Сите знаеме колку е важно да се грижиме за сопственото тело. Поговорката „Во здраво тело – здрав дух“ не е бесполезно кажана, бидејќи состојбата на нашето тело и нивото на физичка подготвеност директно покажува како се чувствуваме.
Со денешниот модерен и брз живот, не секој има можност да стаса да отиде во теретана или пак, да тренира со личен тренер. Затоа за денес ви подготвивме комбинација од едноставни, но ефиканси вежби, за чие изведување нема да ви биде потребна професионална помош, а потребе ќе ви биде само фитнес ластик.
Тој нема да ве чини многу, а неговата употреба во согласност со вежбите, ќе ви даде неверојатен резултат.
Вежби со фитнес ластик
Вежби за долниот дел од телото
Следните вежби се наменети за активирање и затегнување на стомачните мускули, внатрешната и надворешна страна на бутовите и задните мускули на нозете. Секоја од вежбите, во зависност од вашата физичка подготвеност, обидете се да ја повторите до 20 пати. Меѓу повторувањата, земајте ја потребната пауза.
1. Поставете го ластикот точно под колената. Потпрете се на лактот, за да се направи странична лента, а истовремено раширете ги колената на страна.
2. Потпрете се на сите 4 екстремитети, свиткајте го коленото и свртете го нагоре. Потребно е долниот дел од ногата да биде свртен кон нагоре.
3. Легнете на грб, свиткајте ги колената и кренете го задникот нагоре, најмногу што можете. За да вежбата биде значително поефикасна, обидете колку што најдолго можете, задникот да го држите во таа положба, кренат нагоре.
4. Потпрете се на сите 4 екстремитети. Едниот крај од ластикот поставете го на левата нога, а другиот на десната. Потоа обидете се бавно, наизменично нозете да ги кревате и спуштате на подот.
Вежби за горниот дел од телото
Благодарение на следните вежби, ќе успеете да го обликувате горниот дел од вашето тело, создавајќи совршена фигура. Секоја вежба потребно е да ја повторите 20 пати, но и не заборавајте да земате пауза, секогаш кога тоа ќе ви биде потребно.
1. Потпрете се на десното колено и поставете го ластикот на левата нога. Со десната рака, наведнете се кон напред и повлечете го ластикот назад. При следното повторување, сменете ги страните.
2. Поставете го ластикот точно под лактите. Потоа кренете ги рацете нагоре, уште повеќе активирајќи ги горните клучни точки од телото.
3. Фатете го ластикот со рацете, поставен зад вашиот грб. Протегнете го истиот нагоре, така што трицепсите на рацете ќе се активираат.
4. Поставете го ласикот под пазувите, а потоа држејќи го ластикот со рацете, обидете се иститие да ги раширите странично колку што најмногу можете.