Речиси секој родител се соочува со истурен пијалок и храна, играчки на масата, а родителите се чувствуваат како на авантура за преживување, справувајќи се со секојдневните родителски предизвици.
Во продолжение следуваат 20 генијални, практични и лесни трикови смислени токму од родители ширум светот, а кои ги споделуваат со цел да го олеснат животот и на останатите родители:
1. Користете фломастер за да забележите на шишето секојпат кога сте давале од лекот на вашето дете. Така нема да прескокнете ниту една доза или да претерате
2. Спречете го секое идно истурање на пијалокот, така што чашата покријте ја со пластична навлака, а на средина направете отвор за сламката
3. Подгответе му вистинска авантура на вашето дете, со поставување на песок во шатор. На овој начин, воедно вашето дете ќе се забавува, но истовремено ќе биде заштитено од секакви влијанија, како инсекти и слично
4. Залепете и затворете ги сите дупчиња на играчките наменети за во бања. Тоа ќе го спречи развојот на влага внатре во истите
5. Користете метла за да побрзо ги соберете ситните играчки
6. Поставете огледало на задното седиште од автомобилот, што ќе ви овозможи полесно да внимавате на истото
7. Поставете замрзнат и завиткан сунѓер во кутиите со храна, за одржување на свежината и ладната температура
8. Генијален начин како да го решите проблемот доколку вашето дете постојано ја движи чинијата, со што ја растура храната
9. Користејќи го пластичниот отвор од влажните марамчиња, направете ги грицките како чипсот полесни за отварање, притоа спречувајќи го нивното расфрлање
10. Направете накит од храна, за да ги забавувате вашите деца додека вие пазарувате
11. Доколку вашето дете одбива да го прими сирупот, тогаш потопете лижавче во истиот
12. Со пренослив куфер полн со играчки, ќе успеете да го забавувате вашето дете било каде и да се наоѓате
13. Доколку вашето дете одбива да јаде било што, направете сладолед од овошните јогуртчиња
14. Или пак направете замрзнати топчиња, кои ќе му изгледаат интересно за консумирање
15. Складирајте ги нивните плишени играчки во навлака од перница, со тоа што ќе заштедите простор и ќе добиете нова забавна подлога за седење
16. Направете бразлетна со вашиот број за вашето дете да ја носи
17. Направете домашен сапун со вметнување на играчка во истиот. Така вашето дете секогаш ќе сака да ги мие рацете и ќе ја стекне брзо хигиенската навика
18. Кога му го давате вашиот паметен телефон на вашето дете, поставете го истиот на „авионски режм“. На овој начин тоа нема да може ненамерно да се јави некому или да купи нешто по грешка
19. Завиткајте ги тркалата од детската количка со навлаки, за да кога истата ќе ја внесувате дома, ќе го спречите валкањето на тепихот