Неколку совети за поудобен дом
Немате потреба од скап спа викенд или одмор, за да се чувствувате смирено и опуштено. Наместо тоа ви нудиме да ги примените овие 14 совети со кои ќе го претворите својот дом во удобно катче, каде што ќе може да се релаксирате после тешкиот работен ден.
1. Создадете пријателски, најубав салон
Првите впечатоци (како масичка со цвеќиња и убав уметнички предмет) може да му сигнализираат на мозокот дека влегувате во вашето безбедно место.
2. Ставете свеќи во секоја соба (дури и во бањата)
Фокусирајте се на бели свеќи кои најмалку го расејуваат погледот, и на смирувачки мириси како лаванда, роза и ванила.
3. Ставете свежо цвеќе
Вазна со цвеќиња или пак саксија – ќе ја внесат природата во вашиот дом и ќе го освежат воздухот.
4. Редовно чистете ги прозорците
Природната светлина нека влезе во вашиот дом.
5. Бои на ѕидовите во смирувачки нијанси
Важно е бојата на ѕидовите да не е наметлива. Добар избор се нежна сина, топло бела или светло сива боја.
6. Ставете светилки со полн спектар
Тие создаваат природна светлина подобро од стандардните.
7. Направете основно чистење
Ослободете се од сите предмети кои не ви носат радост или пак имате лоши спомени за нив. Потоа наредете сè, за да не владее хаос во собите.
8. Ставете ги Вашите омилени слики во рамка
Нема причина убавите спомени да Ви стојат во албуми.
9. перници = комфорт
Купете повеќе перници и ставете врз каучот и креветот.
10. Користете меки ткаенини
Ќебиња, крпи, тепих.. треба да се пријатни за допир.
11. Создадете си место за разубавување
Направете си едно катче каде ќе поставите убаво огледало за шминкање.
12. Додадете луксузен елемент во бањата
Може да ставите некој уметнички украс
13. Создадете место за изолација
Тоа може да значи да поставите удобна фотелјата до прозорецот каде ќе уживате во добра книга и чаша вино.
14. Отстранете го телевизорот од спалната
Подобро за вас и вашето здравје.