8 начини како безопасно и безболно да отстраниме трн од прстот, пред истиот да се инфицира
Секој од нас, барем еднаш во животот се соочил со забиен трн во прстот, дланката или уште полошо, во стапалото. На секој може да му се случи, па дури и на било кое место од телото.
Не е задолжително тоа да биде некое ситно парче дрво, може да биде трн од растение или метален предмет. Заедно со трнот, под кожата може да се вовлечат и различни бактерии.
Притоа, важно е да се знае дека доколку трнот или предметот не се отстранат навремено од кожата, тоа може да резултира со зголемување на телесната температура, истовремено и настапување на инфекција.
За таа цел, за да се спречи таков проблем, денес ви откриваме како безопасно да извадите трн, на 9 различни начини.
Пред да го извадите трнот, внимателно прегледајте го местото со помош на лупа. Обратете внимание на големината, формата и аглот, под кое парчето влегло под кожата.
Не се обидувајте да го истискате, бидејќи за време на притискањето на кожата, може да предизвикате парчето само уште подлабоко да навлезе во истата. За да го отстраните трнот, најпрво треба да ја исчистите кожата т.е измијте го местото со сапун, а потоа нанесете спирт или кислородна вода.
Доколку не успеете да го извадите трнот на вообичаениот начин, користејќи пинцета или игла, еве на кои други 8 начини може тоа да го сторите:
1. Селотејп
Овој метод е корисен за отстранување на голем број мали трнови и парчиња од кожата. Исечете мало парче селотејп и залепете го врз засегнатото место од кожата. Не ја притискајте премногу лентата, при нејзиното лепење, за да избегнете подлабоко навлегување на парчето во кожата.
Потоа, внимателно отстранете го селотејпот и ќе забележите како малите парчиња или трновите висат на истиот. Повторете го треманот неколку пати, за да целосно ја исчистите кожата.
2. Салицилен фластер
Некои експерти препорачуваат на местото каде е навлезен трнот или парчето дрво да се залепи салицилен фластер, кој вообичаено се користи за отстранување на брадавици. Потребно е двапати во текот на денот, фластерот да се замени со нов.
По неколку дена, заглавеното парче ќе испадне само или ќе излезе на површината на кожата, кое потоа може да го отстраните со пинцета.
3. Стаклено шише
Трнот на врвот на прстот може да биде отстранет и со помош на стаклено шише со поширок отвор. Наполнете го садот со топла вода, така што приближно 1 цм треба да остане празно при врвот.
Со врвот на прстот затворете го отворот и нежно притиснете. Додека го присискате прстот надолку кон шишето, топлината од водата ќе го поттикне трнот сам да излезе од кожата.
4. Свинска маст
Во дрвените времиња, готвачите го отстранувале трнот од кожата, користејќи свинска маст. Но, истовремено може да се употреби маст од било кое животинско потекло, како и сончогледово масло.
Кожата околу трнот треба да биде премачкана со едно од горенаведените средства, за да може да се поттикне трнот да излезе на површината и потоа лесно и безболно да го отстраните со пинцета.
5. Сода бикарбона
Доколку парчето навлегло длабоко во кожата и невозможно е истото со пинцета да го извадите, потребно е самата кожа да ви овозможи тоа да излезе на површината и да го дофатите. За таа цел, измешајте сода бикарбона со вода.
Добиената смеса нанесете ја врз раната и одозгора залепете фластер. По неколку часа, кожата сама ќе го истисне парчето кон надвор.
6. Јод
Доколку парчете навлегло подлабоко и не постои начин како да го извадите користејќи пинцета, нанесувајте јод врз раната на секои 3 часа. Парчето едноставно ќе изгори и по некое време, само ќе излезе од кожата.
Јодот помага да се уништи острата структура на парчето, при што на тој начин истовремено и ја ублажува болката.
7. Алое вера
Сокот од ова чудесно растение совршено ја омекнува кожата и има моќно антибактериско и лековито својство, кое ќе придонесе кожата побрзо да заздрави. Нанесете лист од алое вера врз резот на раната и прекријте го истиот со фластер или завој.
По два часа, парчето или трнот лесно ќе може да го отстраните со пинцета. При некои случаи, потребно е третманот да се повтори повеќе пати.
8. Бреза катран
Нанесете врз раната парче памук, претходно потопено во бреза катран и оставете го така да отстои врз кожата 30-40 минути. По изминатото време, врвот на трнот ќе излезе на површина и потоа лесно се отстранува со пинцета.