7 сигурни знаци дека му се допаѓате
За да дознаете што мисли за вас еден маж, треба само да го набљудувате. Независно од тоа што зборува, гестовите можат да го издадат многу повеќе за неговите вистински намери.
1. Jа мести својата коса
На овој начин мажите често се обидуваат да си дадат доверба. Кога ќе видиме привлечен човек, ние инстинктивно се обидуваме да изгледаме уредни. Ова правило исто така важи и за жените.
2. Ги става рацете околу колковите
Ако еден маж ги чува рацете околу колковите, ги става во џебовите или на половината, тоа е многу сигурен знак дека се обидува да демонстрира сила. Истото значи и кога тој ги шири нозете кога седи.
3. Се обидува да заземе што повеќе простор
Се шират како пауни. Причината е дека сакаат да изгледаат што е можно поголеми. Кога еден маж прави нешто слично во присуство на жена, тоа е предизвикано од овој древен инстинкт.
4. Зазема поотворена положба
Во социјални ситуации ние несвесно заземаме поотворена положба пред луѓе кои ги сметаме за привлечни.
5. Тој зборува елоквентно
Кога еден маж станува зборлест штом вие се појавите пред него, тоа е знак дека тој сака да ве импресионира.
6. Ја копира Вашата поза
Обрнете внимание дали тој Ве имитира. Ова покажува дека се обидува да ви разбере и да најде нешто заедничко меѓу вас што несвесно рефлектира на јазикот на неговото тело.
7. Неговите манири стануваат емоционални
Ако еден маж ви се допаѓа, изразот на неговото лице ќе биде пријателски и отворен. Погледот ќе му биде добронамерен и ќе покажува интерес. Ако е загрижен, многу веројатно е да се вцрви.