8 едноставни вежби за грбот, кои ќе го обноват и подобрат целото ваше тело и здравје
Болката во грбот може навистина да биде здодевна и иритирачка, а доколку не се навремено третира, може да доведе до долгорочни здравствени проблеми.
Предолгото седење во канцеларискиот стол и погрешниот избор на душек може да бидат најчестите причини за појава на чувство на непријатност во грбот.
Повреди, артритис, бременост, па дури и пушењето цигари и стресот може да бидат извор на болката во грбот.
За среќа, постојат многу лековити начини, кои доколку внимателно се следат и практикуваат редовно, може да ви помогнат во ефикасното отстранување на овој вид на болка.
Еден од тие начини се и следните едноставни вежби, кои лесно може да ги правите во вашиот дом, во било кое време, а притоа вежби кои ќе го зајакнат вашето торзо, ќе ги зацврстат и развијат мускулите и ќе ја спречат здодевната и непријатна болка во грбот веќе никогаш да не ви го отежнува секојдневието!
1. Практикувајте ја „кобра“ позата
„Кобра“ позата е благо свиткување на грбот, која помага во ублажување на болката во долниот дел од истиот. Воедно, редовното практикување на вежбата придонесува за целосно зајакнување на грбот, при што воедно ги протега и мускулите сместени меѓу ребрата.
Едноставно легнете на вашиот стомак, држете ги нозете исправени назад. Потоа, потпирајќи се на вашите раце, односно дланки, кренете го горниот дел од телото. Додека така е кренато вашето торзо, направете неколку вдишувања и издишувања, а потоа вратете се во првобитната положба. Повторете 10 пати.
2. Пробајте ја колено-кон-граден кош вежбата
Овој вид на вежба се практикува на многу начини, а најмногу е застапена во областа на јогата. Положбата придонесува за протегнување на грбните мускули, колковите и долниот дел од грбот.
Легнете на грб, кренете го торзото, притоа истовремено свиткајте го едното или и двете колена и обидете се да ги приближите до градниот кош, користејќи ги рацете за нивно притискање. Држете така неколку секунди, потоа опуштете ги нозете и грбот, враќајќи го телото во првобитната положба. Повторете 10 до 15 пати.
3. Кучешки стомачни кон надолу
Поставете ги рацете на подот, со одредено растојание меѓу истите, притоа нозете исправете ги назад. ‘Рбетот мора да биде исправен, а главата да се најде поставена меѓу рацете. Свиткајте го десното колено, приближте го до десниот лакт. Паузирајте 1 секунда, а потоа бавно кренете ја вашата нога во воздух Останете во оваа положба неколку секунди, а потоа вратете ја ногата кон вашиот десен лакт Повторете 30 секунди, за секоја нога поединечно
4. Наизменично кревање на нозете додека лежите на вашиот стомак
Легнете на подот, притоа свртени на стомак. Рацете треба да бидат исправени кон напред, а нозете со благо растојание. Потоа кренете ја левата нога и десната рака. Задржете така неколку секунди, а потоа опуштете ги истите, со нивното враќање во првобитната положба. Следно, кренете ги спротивниот пар на екстремитети т.е десната нога и левата рака. Наизменично повторете ги движењата 10 пати.
Физиотерапевтите препорачуваат за поудобно изведување на оваа вежба, да се постави перница под стомакот.
5. Одмарање во положба на дете
Овој вид на вежба се смета за една од најлесните пози во јогата, која овоможува постигнување на целосна релаксација на телото. Ја протегнува и зајакнува абдоминалната мускулатура и мускулите на грбот, притоа помага во зголемување на телесната флексибилност, намалување на стресот и ублажување на болката во гробт.
Седнете на колена и целосно спуштете т.е наведнете го торзото кон напред. Можете да ги протегнете рацете исто напред пред вас или да ги поставите до телото, во зависност на кој од начините ќе се чувствувате поудобно и ќе имате подобра потпора на телото. Исто така, може да поставите преклопена крпа или перница меѓу бутовите и долниот дел од нозете, за да ја намалите напнатоста и да се чувствувате поудобно.
6. Свиткајте го ‘рбетот со лежерно свртување
Оваа вежба е исклучително корисна за релаксирање на телото и ослободување на тензијата која се чувствува во мускулите на горниот и долниот дел од грбот, а тоа се прави со опуштено лежерно и благо свиткување на ‘рбетот.
Легенете на грбот и поставете ги рацете во отворена положба, секоја на своја страна. Свиткајте ги колената и бавно свртете ги кон едната страна. Останете во оваа позиција неколку секунди, а потоа вратете ги нозете во центарот, т.е во природната положба на телото. Повторете 10 пати.
7. Протегнете ги задните мускули на нозете
Мускулите сместени во задниот дел од нозете се одговорни за флексибилноста и свиткувањето на колената. Со нивно правилно негување, ќе успеете да ја спречите појавата на болката во долниот дел од грбот.
Седнете на подот, со нозете исправени целосно пред вас, притоа обидете се со рацете да ги допрете прстите на стапалата. Бројте до 30, потоа вратете се во првобитната положба, а потоа повторете 3 пати.
8. Наизменично движење на грбот од поза на мачка до поза на крава
Одличен начин за протегнување на колковите, карлицата и грбот и ослообудвање на било каква болка во тој предел.
Заземете положба при која телото ќе го потпрете на колената, кренете го градниот кош, истовремено практикувајте релаксирано вдишување и издишување. Повторете 10 до 15 пати.