1 жолчка- 4 маски за лице кои успешно ги отстрануваат сите видови несовршености на лицето
Јајцата е се една од првите состојки на секоја листа за шопинг, кај скоро сите луѓе. Тие секогаш може да се најдат во нашиот ладилник, бидејќи со нив се приготвуваат бројни вкусни јадења. Но, тие всушност може да бидат корисни и за многу други ситуации.
Така на пример, водата во која тие се варат е исклучително лековита за растенијата.
А доказ за нивниот чудесен ефект е нивната, поконкретно употребата на жолчките за подготовката на маски за лице. Лесно се приготвуаат дома, а имаат незаменлив ефект. Нивното комбинирање со разни други природни состојки резултира со свежо и затегнато лице.
Жолчка за лицето
Козметиката на база на жолчки помага во спречување на предвременото стареење, а воедно помага во подобрување на циркулацијата на крвта на лицето. Успешно се бори против несовршеностите на лицето како што се акните, надразнетата кожа и иритацијата.
По употребата на маски за лице со јајца, состојбата на лицето значително се подобрува, тоа станува поздраво и поеластично.
1. Навлажнувачка маска
Се мешаат 2 кафени лажици мед со 1 жолчка, сè додека не се добие пенеста текстура. Потоа додадете 1 супена лажица масло за готвење. Добиената смеса е идеална за сувата и оштетена кожа. Употребувајте ја маската секојдневно на целото лице или само на одредени зони.
2. Маска против акни
2 кафени лажици свеж сок од алое вера се мешаат со 1 кафена лажица мед. Потоа, во смесата се додава и 1 жолчка и се мешаат состојките. Оваа ефикасна маска има неверојатни антивоспалителни својства, кои ќе ви помогнат брзо и лесно да се справите со акните на лицето.
3. Избелувачка маска
2 кафени лажици мед се мешаат со жолчка, сè додека не се добие пенеста текстура. Потоа, во добиената смеса додадете и свежо исцеден сок од лимон. Оваа маска ќе ви помогне да ги отстраните сите несовршености и да се справите со нееднаквата пигментација на лицето.
4. Подмладувачка маска
Измешајте жолчка со 1 супена лажица кисела павлака, а потоа додадете и пире од банана. Можете маската да ја ставите во ладилникот неколку минути, пред нејзината употреба. Истата ќе ви помогне да се справите со брчките на било која длабочина. Воедно, не заборавајте да внимавате на исхраната и редовно да практикувате масажи на кожата.