10 чести грешки кои ги правиме со облеката, кои непотребно го комплицираат нашиот живот
Понекогаш се случуваат незгоди со облеката, кои не само што може да нè натераат да се чувствуваме непријатно, туку може да бидат и штетни по нашето здравје.
На пример, при едно истражување многу жени беа изненади кога открија дека начинот на кој ги носеле своите градници бил сосема погрешен. А тоа погрешното носење на градникот може да резултира со болки во вратот, грбот, рамената, како и да се појават надразнувања на кожата.
Сите тие чести грешки кои ги правиме со облеката може лесно да се избегнат, само треба да знаеме неколку правила т.е да знаеме што и на кој начин треба да го правиме.
Во продолжение откријте кои се честите вакви грешки и што треба да направиме за да облеката на нас изгледа секогаш беспрекорно:
1. Го носите градникот на погрешен начин
Што правите погрешно: Градникот се крева нагоре по грбот и кон рамената.
Зошто е погрешно: Можеби големината не е соодветна за вас. А недостатокот од соодветна поддршка на градите резултира со болка во рамената и грбот.
Како да го направите правилно: Измерете ги градите и пропорциите правилно и откријте која големина е совршената за вас, така што секогаш кога ќе го облечете градникот, задниот дел треба да биде хоризонтално исправен.
2. Носите погрешен тип на градник
Што правите погрешно: Купувате видови градници кои не одговараат соведно со обликот на вашите гради
Зошто е погрешно: Погрешниот градник дава лоша поддршка на градите резултира со болка во рамената и грбот.
Како да го направите правилно: Доколку вашите гради имаат заболен облик, тогаш полните градници се идеалните за вас. Дамите со гради во форма на солза најдобро е да носат пуш-ап градници. Балконети- градниците се наменети за жените со помали и средни гради.
3. Носите погрешен вид на долна облека која не одговара со вашата фигура
Што правите погрешно: Избирате долна облека која не е соодветна за типот на фигурата која ја имате.
Зошто е погрешно: Може да создаде огромно чувство на непријаност и неудобност.
Како да го направите правилно: Жените со рамен и квадратен облик на задникот може да носат боксерки, бикини и танги. Жените со В-израз т.е облик на задникот треба да носат класична долна облека и боксерки. Жените со крушковиден облик на задникот ќе се чувстваат попријатно во танги или боксерки изработени од чипка или со ласерско исечени рабови. Дамите со кружен облик на задникот треба да се придржуваат со класичен облик на долна облека и боксерки.
4. Пречесто носите облека која бара врзување околу вратот
Што правите погрешно: Прецврсто го врзувате делот околу вратот или пречесто носите маици кои потребно е да се врзат околу вратот
Зошто е погрешно: Се создаваат непријатни болки во вратот
Како да го направите правилно: Умерено врзете го делот околу вратот т.е доволно цврсто за да парчето облека стои беспрекорно на вас, но и доволно опуштено за да не ви создава притисок во вратот.
5. Го носите костимот за капење на погрешен начин
Што правите погрешно: Со модерно дизајнираните костими за капење, не е изненадувачки што повеќето имаат потешкотии при нивното облекување. Некои ги носат наопаку, други ги врзуваат погрешно.
Зошто е погрешно: Може да не ги покријат деловите од телото за кои всушност се наменети и да се соочите со непријатна ситуација додека се капете
Како да го направите правилно: Пробајте го костимот за капење, пред истиот да го купите. А пред да го облечете, обратете внимание на неговиот целосен дизајн, тоа ќе ви даде појасна слика како треба да стои на вас.
6. Носите претесна кошула со што се создаваат мали отвори меѓу копчњата
Што правите погрешно: Носите претесна кошула, обидувајќи се да изгледате елегантно, без да размислите дека тоа ќе создаде отвори меѓу копчињата при секое ваше движење.
Зошто е погрешно: Покрај чувството на непријатност, може да го отежнете и вашето дишење
Како да го направите правилно: Осигурајте се дека кошулата изгледа беспрекорно и мазно кога седите и кога сте исправени, притоа обратете внимание да не се создаваат отвори во просторот меѓу копчињата. Истовремено, изберете поопуштена кошула, која ќе ве направи да изгледате подеднакво прекрасно.
7. Носите остри модни додатоци
Што правите погрешно: Носите остри модни додатоци истовремено кога носите и плетена облека.
Зошто е погрешно: Острите додатоци може да ја зафатат плетената облека и да го уништат нејзиниот изглед.
Како да го направите правилно: Кога ќе носите плетена облека, препочитајте да носите помеки модни додатоци, а острите додатоци оставете ги за летно време, кога носите полесна облека.
8. Се обидувате да го сместите вашето тело во тесни панталони
Што правите погрешно: Се принудувате самите себе да носите тесни панталони, мислејќи дека спротивното не би било модерно.
Зошто е погрешно: Тесната облека влијае врз циркулацијата на крвта и врз функцијата на дигестивниот систем
Како да го направите правилно: Откако ќе ги облечете панталоните или фармерките, проверте дали може во истите горе кај половината да вметнете два прста. Доколку не можете, побарајте друга големина.
9. Носите кратки панталони кои постојано се креваат нагоре и ве прават да се чувствувате непријатно
Што правите погрешно: Носите кратки панталони кои постојано мора да ги спуштате надолу, бидејќи често истите се креваат нагоре
Зошто е погрешно: Се чувствувате непријатно и може да покажете повеќе од вашет тело отколку што сте планирале
Како да го направите правилно: Пред да ги купите кратките панталони, клекнете неколку пати, за да проверите дали нивната големина е соодветна за вас.
10. Носите комбинезон, кој го отежнува вашето одење во тоалет
Што правите погрешно: Купувате комбинезон, за кој сте свесни дека влегувањето и излегувањето од истиот ќе биде еднакво на невозможна мисија.
Зошто е погрешно: Ќе го отежни вашето одење во тоалет, а неговото повторно облекување само дополнително ќе ви одземе време
Како да го направите правилно: Претпочитајте да купувате облека која не само изгледа убаво, туку е и практична за носење и облекување.