„Уникатните пржени лепчиња го натераа целото семејство да продолжиме да ги јадеме и за вечера. Едноставно се надреално превкусни!“
Класичниот сендвич со кашкавал е речиси омилена ужина на сите, од деца до возрасни, а подеднакво омиленин се и пржените лепчиња. Но, кога тие две јадења ќе се спојат во едно, тогаш настанува комбинација која буквално се топи во уста!
Потребни состојки
- 4 парчиња леб
- 4 парчиња кашкавал
- 2 парчиња шунка
- 1 јајце
- Половина шолја млеко
- 2-3 кафени лажици лебни трошки
- Масло за готвење
- Сол по ваш вкус
Начин на подготовка
Измешајте го јајцето со млеко и додадете сол по ваш вкус.
Потоа на парче леб, поставете парче кашкавал, одозгора парче шунка и повторно парче кашкавал, а на крај поставете уште едно парче леб. Подготвениот сендвич пресечето го дијагонално
Потопете го секој сендвич поединечно во смесата од јајцат и млекото, а потоа и од двете страни на седнвичот, нанесете лебни трошки.
Пржете ги така приготвени седнвичите, додека не добијат златна боја и од двете страни.
Сервирајте ги топлите пржени сендвичи со свеж зеленчук и додатоци по ваш вкус.
Пријатен апетит!