„Сега уште повеќе ги обожавам компирите. Приготвени на португалски начин, нивниот вкус станува неодолив, а една порција нема да ви биде доволна!“
„Ако пред неколку недели некој ми кажеше дека јадење со компири може да ме изненади и буквално да ме хипнотизира, сигурно немаше да поверувам!
Овој зеленчук достапен во сечија кујна, може да се приготви на било кој начин: Пржен, печен, варен, во палачинки, со месо, зеленчук, како супа, пире, полнети и омилен додаток во зимските салати.
Но и вие сигурно никогаш ги немате пробано на овој начин. Резултатот ми беше доказ дека компирите може многу да нè изненадат.
Компирите на португалски начин со рузмарин и масло за јадење се толку вкусни, што една порција нема да ви биде доволна. Во рестораните во Португалија, овој специјалитет се сервира со месо или риба, но и со поезготични видови како што е октопод.
Но, да бидам искрена, да ги јадете само нив, без други додатоци, е најслаткиот начин!“
Компири на португалски начин
Потребни состојки
- 8 компири
- Масло за готвење
- Путер (Во количина доволна за да нанесете малку врз секој од компирите)
- Рузмарин и сол (Во количина по ваша желба)
- Лук
Начин на подготовка
Добро измијте ги компирите, сварете ги, а потоа оставете ги да отстојат т.е почекајте истите да се изладат.
Потоа, потребно е секој компир поединечно да биде одозгора притиснат со лажица. Компирите треба да изгледаат како на фотографијата подолу, без истите да се распаднат.
Изберете сад во кој ќе ги печете и во истиот налејте од маслото за готвење. Потоа исчете ги чешнињата лук и поедеднакво распоредете ги на целото дно на садот.
Следно, поставете ги и компирите во садот. Тие треба да бидат едни до други, а одозгора нанесете рузмарин и морска сол.
Исечете го путерот на коцки и врз секој од компирите поставете по 1-2 коцки од путерот. По желба, повторно може да додадете на крај од маслото за готвење.
Загрејте ја рерната на температура од 180-200°C. Печете додека компирите не ја добијат потребната златна боја на кората.
Според оригиналниот рецепт, најдобро е да се користат млади компири. Истовремено, доколку сакате да го зачините уште повеќе специјалитет, се препорачува додавање и на печурки.
Пријатен апетит!