Од скелет до фитнес модел: На 17 години оваа жена имала анорексија и тежела 32 кг, а денес изгледа извонредно
Анорексијата се смета за една од болестите на модерното време, која поради низа ирационални комплекси, го нарушува здрајвето на многу девојки ширум светот и го доведува нивниот живот во опасност.
Незадоволни од начинот како изгледаат, овие девојки одат во крајност при процесот на слабеење, при што поради екстремен глад, резултатот неретко може да биде и фатален крај.
Токму вакво искуство имала и една жена од Лондон, која како тинејџерка страдала од оваа страшна болест, а истата ја надминала, откако започнала да оди на фитнес и да вежба.
Кога имала само 8 години, Холи Грифитс започнала да се откажува од консумирањето храна. Со години младата Британка ја практикувала оваа ригорозна штетна навика, а неретко завршувала и во болница.
Страдала од дисмофрија на телото и не била свесна колку всушност лошо и нездраво изгледа. Во еден период тежела само 32 килограми, а сепак и тогаш сметала дека нозете й се предебели.
Кога англиската Национална Здравствена Агенција откажала да го плаќа нејзиното често лекување, Холи сфатила дека е време за драстични промени.
„Сфатив дека доколку цел живот го поминеш живеејќи со нарушување во исхраната, тоа на крај ќе доведе до удар. Истовремено сфатив дека никој нема да ми помогне, доколку сама не решам да се изборам против оваа болест“- вели Холи.
За да започне сосема нов живот, свежо од почеток, Холи започнала да пие антидепресиви и редовно да објавува фотографии од самата себе на социјалните мрежи, за да го покаже својот здрав напредок.
Младата девојка конечно го преземала здравјето во свои раце и започнала чекор по чекор да ги вметнува здравите навики во исхраната.
„Изедов половина нискокалорична пица и навистина ми се допадна. Потоа си ветив дека таква пица ќе јадам на секои 2 недели“- раскажува Холи.
Кога девојката доволно зајкнала, започнала да ја посетува локалната теретана и да практикува јога, за да ја зголеми својата мускулна маса. Денес Холи тежи 50 килограми и се храни здраво и правилно, односно нејзиното дневно мени содржи 2.000 калории, за првпат после цела деценија.
25-годишната Холи денес има две прекрасни деца и многу планови за иднината.