Секој треба да ги знае овие работи за својата крвна група, бидејќи таа открива многу за вашето здравје
Крвната група може да открие многу за вашето здравје. Таа се дели во четири групи: I, II, III и IV. Во продолжение откријте, какви карактеристки со себе носи секоја од групите.
1. Прва крвна група, 0- и 0+: Понизок ризик од срцеви удари, но и пониско ниво на плодност
Според експертите, луѓето со овој тип на крвна група имаат помали шанси да се соочат со кардиоваскуларни заболувања и помал ризик од појава на рак на желудникот. Но, од друга страна, имаат поголем ризик од појава на чир на желудникот, предизвикан од Хеликобактер пилори.
Истовремено, според научниците, жените со овој тип на крвна група имаат двапати помали шанси за зачнување.
Добрата вест е тоа што, луѓето со 0 крвна група се помалку подложни на стрес, при што во трауматични и стресни ситуации, нивото на хормонот одговорен за стресот за многу кратко време опаѓа.
2. Втора крвна група, А- и А+: Високи шанси за забременување, но склони кон развивање алкохолизам
Луѓето со овој тип на крвна група имаат поголем ризик од развој на рак на желудникот, особено доколку пречесто консумираат алкохол и пушат цигари.
Одредени истражувања ја покажале директната врска меѓу оваа крвна група и сензитивноста кон алкохолизамот, што може да доведе и до развој на опсесивно-компулсивно нарушување.
Исто така, жените со втората крвна група имаат високо ниво на плодност, при што може да зачнат дури и на подоцнежна возраст.
3. Трета крвна група, Б- и Б+: Зголемен ризик од појава на чиреви, но имаат и брз метаболизам
Луѓето со овој вид на крвна група имаат поголеми шанси од заболувања на рак на панкреасот. Дополнително, според истражувањата, луѓето со третата крвна група имаат повисок ризик од проблеми со меморијата и деменција, како и зголемен ризик од појава на Алцхајмерова болест на стари години.
Тие се склони и кон соочување со воспаленија, предизвикани од разни бактерии. Но, од друга страна, овие луѓе имаат брз метаболизам, нивните мускули можат за многу кратко време да се зацврстат и обликуваат и ја имаат потребната издржливост да се справат со било која физичка активност.
4. Четврта група, АБ- и АБ+: Склони кон добивање срцев удар, но секогаш изгледаат добро и здраво
Жените со овој тип на крвна група имаат повисок ризик од развој на рак на јајчниците и повисок ризик од добивање на прееклампсија, предизвикана од високиот крвен притисок.
Склони се кон развивање кардиоваскуларни (при кои и инфаркт) и дигестивни болести (при кои и развивање хроничен гастритис и Кронова болест).
Истражувањата покажале дека овие луѓе се помалку подложни т.е успешно се справуваат со стресот, но пак малку повеќе се склони да имаат проблеми со видот, за разлика од останатите.