7 совети како да го подобрите квалитетот на сонот, кои воедно може да ви помогнат побрзо да ослабнете
Во текот на ноќта вашето тело согорува помеѓу 300 и 400 калории! Ова е скоро еднакво на количината на енергија што телото ќе ја потроши при 1-часовно трчање.
Експертите тврдат дека квалитетниот сон исто така може да придонесе за слабеење, исто како и фитнес вежби. Доколку сакате истото да биде ефикасно, тогаш важно е да се придржувате кон одредени навики кои ќе го зајакнат вашиот метаболизам, за време на сонот.
Во продолжение следуваат неколку корисни совети кои ќе ви бидат од голема помош, доколку сакате да се ослободите од вишокот килограми, без да вложувате многу труд.
1. Спиење во ладна просторија
Експертите препорачуваат да ја одржувате температурата на вашата спална соба околу 18°C ноќе за да го зајакнете метаболизмот. Бројни истражувања покажаа дека постудената средина ги активира масните клетки, кои се одговорни за терморегулација. Кога спиете во ладна просторија или спиете голи, вашето тело започнува да согорува повеќе енергија за да одржува топлина. Ова е причината зошто по спиењето во ладна просторија, следното утро ќе бидете послаби.
2. Консумирајте сок од грозје
Сокот од грозје помага да согорите калории благодарение на специјалната супстанца наречена ресвератрол, при што лошата бела маст во организамот ја претвора во здрава. Кога спиете, вашето тело со помош на масните клети, ја одржува вашата топлина. Така, консумирањето чаша сок од грозје пред спиење ќе ве натера да се ослободите од вишокот маснотии наместо истите непотребно да ги складирате. Изберете свежи сокови, наместо купечки, за да избегнете непотребен внес на шеќер.
3. Одете на спиење и будете се секогаш во исто време
Нерегулираниот распоред за спиење е поврзан со прекумерно зголемување на телесната тежина, велат експертите. Вообичаено хормонот мелатонин ни кажува кога да е време за спиење. А исто така, тој ни помага да се активираат беж масните клетки кои помагаат да се согорат повеќе калории.
Доколку вашиот режим на спиење и будење не е конзистентен, вие самите вие го нарушувате производството на мелатонин и се лишувате себеси од квалитетен сон. Како резултат на тоа, може да се чувствувате уморни наутро и да копнеете по висококалорични грицки за да ја зголемите вашата енергија. Ако сакате да го избегнете ова, одете во кревет и будете се во исто време секој ден.
4. Избегнувајте да ги користите паметните уреди непосредно пред спиење
Нестабилната рутина не е единственото нешто што го нарушува производството на мелатонин. Преголемата светлина од нашите паметни телефони и уреди е уште една причина зошто не успеваме да спиеме доволно и квалитетно. Докажано е дека сината светлина од нашите паметни телефони го одложува производството на мелатонин, при што на тој начин, потребно ни е подолго време да заспиеме, а следното утро се будиме уморни.
За таа цел, обидете се да го избегнете користењето на паметнитре уреди 2 часа пред да одите во кревет и не заборавајте да го активирате ноќниот режим на нивните екрани. Заменете го таблетот со вистинска книга и наскоро ќе почувствувате дека мелатонинот ве повикува да спиете.
5. Имајте протеинска ужина
Нема ништо лошо во грицкањето пред да одите во кревет, доколку го направите на правилен и здрав начин. Изберете храна која е богата со протеини, како кисело млеко, урда со малку маснотии, пилешко месо или путер од кикирики. Тие ќе ја зголемат вашата метаболичка стапка и ќе го поттикнат мускулниот раст.
6. Практикувајте вежби за зголемување на вашата отпорност
Физичката вежба е најдобриот начин да го намалите стресот и да го зајакнете метаболизмот пред да одите во кревет. И кардио и аеробните вежби се докажани како ефикасни, но вежбата за отпорност е таа која ќе ви помогне да согорите маснотии.
Пливањето или кревањето тегови се смета како најдобро ноќно решение. Тие не ве оптеретуваат премногу, но истовремено ќе го стимулираат согорувањето на калориите, што ќе трае дури и откако ќе заспиете.
7. Консумирајте билен чај
Одредени видови на чај може да ви помогнат да изгубите тежина ноќе. Не станува збор за чаеви со сомнителен состав кои ви ветуваат магични резултати за една ноќ, туку природни чаеви кои всушност можат да го подобрат вашето здравје на различни начини, па дури и да ве направат послаби. Чајот од цимет се бори против воспалението и спречува надуеност наутро. Чајот од нане го намалува апетитот и ви помага да избегнете консумирање нездрави грицки. Чајот од камилица го подобрува варењето и ги релаксира нервите.