4% од жените на возраст меѓу 40-60 години страдаат од недостаток од витамин Б12. Според експертите, под посебен ризик да се соочат со оваа појава се повозрасните луѓе и веганите.

По 40-те година, секоја жена има потреба од соодветно количество на витамин Б12, кој е од голема важност бидејќи:

  • Делува превентивно и ефикасно ја спречува појавата на остеопороза и слични здравствени состојби.
  • Ја штити лигавицата на органите.
  • Успешно се бори против сувоста, бледнеењето на кожата и ја спречува појавата на темните дамки.
  • Му помага на телото да остане во форма.

Еве кои се 15-те можни симптоми, дека телото (особено кај жените) се соочува со недостаток од витамин Б12:

1. Зашеметеност

Луѓето кои страдаат со пониско нивно на витамин Б12 за 40% во организамот, за разлика од останатите, почесто се соочуваат со зашеметеност.

2. Нарушување на меморијата

Не можете да го запаметите името на личност која сте ја запознале неодамна или клучевите несвесно ги оставате во ладилникот? Заборавањето е еден од најчестите симптоми дека на вашето тело му недостасува токму овој витамин.

3. Избледнување на кожата

Недостатокот од витамин Б12 води до уништување на одредени црвени клетки, што доведува до избледнување на вашиот природен пигмент.

4. Загуба на сетилото за вкус

Кај околу 50% од луѓето кои страдаат од недостатокот на витамин Б12, нивните рецептори за вкус при јазикот се намалуваат, при што се намалува и самата нивна функција. Многумина можат и да почуствуваат чувство на неудобност од страните на јазикот.

5. Чести промени во расположението

Недостатокот од овој витамин може да ја влоши депресивната состојба, да ја зголеми вознемиреноста и да предизвика непријатна емотивност кај луѓето. Тоа се должи на фактот што витаминот Б12 учествува во производство на серотонин и допамин т.н хормони на среќата.

Бонус: Други видови симптоми кои може да укажуваат на недостаток од витамин Б12

  • Постојан замор
  • Влошување на видот
  • Недостаток од ориентација
  • Проблеми со срцето
  • Проблеми со ноктите и косата
  • Зголемена температура
  • Чуство на трнење