Само за 10 минути кожата околу очите станува свежа! Кажете им збогум на подуените очи и темните кругови!
Избришете ги трагите од уморни очи, додавајќи доза кафе кон вашата утринска нега на кожата. Додека пиете утринско кафе, искористите го за подготовка на домашна маска за подуени очи.
Подгответе се за сјај во очите, бидејќи кафето одлично продира во кожата.
Кофеинот делува како диуретик да се намали отокот и подуеноста, додека антиоксидансите на кафето се борат со слободните радикали кои придонесуваат за стареењето на кожата.
Комбинацијата на кафето со витамините и протеините, ја затегнуваат и зацврстуваат кожата и Вие имате маска која е особено ефикасна за брчките и подуеноста околу очите.
Маска со кафе за очи
Состојки
1 белка
2 лажици талог од кафе или едноставно мелено кафе (неупотребено е најдобро, бидејќи содржи најмногу кофеин, но искористеното исто така делува добро, ако кафето штотуку е направено.)
Подготовка
Измешајте ги јајцето и кафето во мал сад. Изматете ја убаво смесата со виљушка, околу 1 минута. Со чисти раце или четка, ставете од маската под очите. Избегнувајте ги очните капаци, бидејќи може да ви влезе во очите. Може да се применува маската на целото лице, ако сакате.
Оставете ја маската да се исуши, околу 10 минути. Дефинитивно ќе почувствувате дека маската ви ја затегнува кожата! Ако ви стане многу затегнато и непријатно извадите ја пред да поминат 10-те минути. Користете мека, влажна крпа за нежно чистење на маската. Намачкајте се со крем за лице.
Фрлете ја неискористената маска.
Кожата во пределот околу очите е многу нежна и чувствителна и токму поради оваа причина бара посебна нега и различен третман во споредба со останатиот дел од лицето.
После оваа маска може да почувствувате внатрешно будење, бидејќи кофеинот се апсорбира преку кожата. Не е лошо за 10-минутна маска, нели?