Овие 2 напитоци не треба да ги консумирате во ситуации кога се потите прекумерено
Дали често ве облева пот, независно од тоа колку е топло? Време е да обратите внимание и да слушнете што сака да ви каже вашето тело.
Во ситуации кога прекумерено се потиме, не се препорачуа пиењето напитоци кои содржат кофеин и алкохол, а пиењето вода е секогаш добредојдено.
Во продолжение следуваат можните причнини кои го поттикнуваат потењето и зошто во тие случаи не треба да се консумираат кофеински и алкохолни напитоци.
1. Топлотен бран
Се шетате, надвор е топло, а одеднаш чувствувате дека ве облева големо количество на пот. Тоа е првиот знак по кој ќе познаете дека сте на чекор од толотен бран. Ризикот е особено голем за здравјето, доколку во истиот момент не му дадете вода на вашето тело. Никако не консумирајте кофеински или алкохолни напитоци во тие ситуации, бидејќи тие ја поттикнуваат дехидратацијата.
2. Намалување на нивото на шеќер во крвта
Засиленото потење може да биде симптом и на нагло опаѓање на нивото на шеќер во крвта. Овој проблем може да се реши со консумирање чоколадо или било какво благо, кое во моментот го имате до вас.
3. Бременост или менопауза
Доколку постои можност да се бремена или пак, да навлегувате во фаза на менопауза, тогаш очекувајте зголемено потење и обратете внимание на тој телесен процес. И во тие два случаи, не се препорачува консумирање алкохол или кофеин.
4. Хипертензија
Доколку не може да го откриете изворот т.е причината која го поттикнува вашето потење, тогаш задолжително посетете лекар, бидејќи постои можност да станува збор за хипертензија. При оваа состојба, без посебна причина, телото се поти прекумерено.