Еве зошто ни се појавуваат грчеви во нозете и стапалата, во текот на ноќта
Грчевите претставуваав силно, а неретко и болно стегање на мускулите или група мускули. Тоа може да се случи во било кое време од денот, поради разни фактори.
Во продолжение откриваме која е причината за појава на грчеви во нозете и стапалата, во текот на ноќта.
Основната причина за грчеви во мускулите при нозете може да биде електролитскиот дисбаланс т.е загубата на калциум, калиум и магнезиумови соли, нарушувања во циркулацијата на крвта, остеохондроза или дискус хернија.
Грчевите може да се појават и како резултат на физичка преоптеререност, висока температура, труење на организамот, дехидратација, значително потење или проширени вени.
Доколку пречесто се соочувате со појава на грчеви во нозете, тогаш неопходно е да се консултирате со вашиот лекар, најпрво за да ја откриете точната причина, а потоа и да го добиете соодветниот третман.