Кога мажите извесно време набљудуваат некоја дама која им го привлекла вниманието, тие се обидуваат да дознаат што повеќе за истата, судејќи од надворешниот изглед до нејзините лични интереси.

Разбирајќи го говорот на телото и човечката анатомија, според експертите, постојат многу детали во надворешниот изглед кои може да ни откријат многу за луѓето кои штотуку сме ги запознале.

Денес ќе зборуваме за тоа како формата на нозете раскажуваат многу за жените. Поконкретно, формата на нозете може да открие за сексуалноста, интимното однесување и преференциите на дамите во тој дел од љубовта.

Тестот може да го направите и лично за себе, така што само потребно е да ги поставите вашите нозе близу една до друга и да се погледнете себеси во огледалото.

Одговори:

Тип А

Нозете приближени една до друга и има само една празнина меѓу нив, почнувајќи го глуждовите и завршувајќи малку повисоко меѓу нозете. Според експертите за говорот на телото, колку е помало растојанието меѓу нозете, толку поудобно ќе се чувствуваат дамите во креветот.

По правило, овие жени се сметаат за многу нежни, а токму со нивната женственост успеваат да ги привлечат мажите. Исто така, тие се срамежливи, при што не претпочитаат да преземат иницијатива и ги оставаат партнерите да ја завршат таа работа сами. Тоа може да биде и негативно да влијае врз самата врска, бидејќи потребен е еднаков труд. Според експертските мислења, едноставно овие дами само треба да бидат малку поактивни.

Тип В

Нозете се допираат меѓусебно само на едно место, при глуждовите. Дамите кои се сопственички на овој тип на нозе секогаш ги обожаваат авантурите. Истовремено, обожаваат да го внесат елементот на играта во интимните односи. Тие се смели и самоуверени личности.

Воедно, овие дами се спремни дури и да ја преземат лидерската улога т.е да бидат подоминантни при интимниот чин, но понекогаш таквиот став може малку да ги уплаши мажите. Затоа, според експертите, овие жени треба да научат повеќе да се контролираат.

Тип С

Колковите се близу еден до друг, но колената и долниот дел од нозете не се допираат. Жените со ваква форма на нозете се многу нежни и романтични. А, ако им ја дадете потребната слобода, тие може да се претворат во вистнски неодоливи диви мачки.

Тип D

Нозете се допираат едни до други при горниот дел од колковите, колената и глуждовите. Ова е една од најзастапената форма на нозе кај жените. Овие жени при интимните односи, ја препотчитаат традицијата. Не обожаваат многу да експериментираат и омилени им се само неколку пози. Но, доколку нивниот партнер сака да проба нешто ново, тие безусловно ќе го поддржат во истото.

Мажите ги обожаваат овие жени и ги сметаат за доста привлечни, бидејќи им даваат чувство на сигурност.