Среќата на сопругата е посуштинска од среќата на сопругот, за да бракот биде успешен, тврдат експертите
Околу 40 до 50 % од брачните двојки во САД одлучуваат да се откажат од својот брак и да се разведат. Повеќето парови сметаат дека тоа никогаш нема да им се случи, но не е доволно само да веруваме.
Секогаш е подобро да работите на вашата врска заедно со вашиот партнер и никогаш да не се откажувате љубовта која ја имате меѓусебно.
Во продолжение следуват истражување посветено токму на брачните парови, кое може да им помогне да избегнат аргументи и недоразбирања во бракот.
Колку повеќе е задоволна сопруга во брачниот сојуз, толку посреќен е сопругот со неговиот живот. Трикот ја вклучува психологијата на жената. Жените се склони да вложуваат и да прават се повеќе и повеќе за нивниот партнер доколку бракот е успешен, а тоа има позитивен ефект врз животот на мажот!
Во истражувањето беа анализирани 394 парови, кои во просек беа во брак 39 години. Во принцип, тие оценија дека се задоволни од својот живот, давајќи му на истиот 5 од 6 поени, при оценувањето.
Она што е изненадувачки е што оценките на сопрузите за бракот биле попозитивни од нивните сопруги! Среќната жена едноставно го прави човекот уште посреќен.
Експертите при истражувањето исто така заклучија дека сопругите стануваат помалку среќни доколку нивните сопрузи се разболат. Во исто време, нивото на среќа на мажите не се менува, кога нивните сопруги ќе се разболат. Образложението е едноставно!
Жената секогаш се грижи за сопругот доколку тој се чувствува лошо. Ова може да биде навистина стресно за сопругите. Но, доколку жената се разболи, таа се потпира на нејзината ќерка, доколку ја има, за да сопругот не го искуси истото ниво на стрес.
Професорот Пол Долан исто така тврди во својата книга „Среќен досега“: Бегајќи го митот за совршен живот“, дека мажите имаат полза од бракот повеќе отколку жените. Мажените жени живеат помалку поради стресот во бракот, додека женетите мажи живеат подолго.
Ова докажува дека паровите би можеле всушност да ја подобрат својата врска доколку и двајцата подеднакво би биле обѕирни на потребите на својот партнер за време на болест и други тешкотии. И двајцата партнери треба да покажат грижа и љубов за да живеат среќно заедно.
Заклучокот на студијата можеби за некои не изгледа изненадувачки, но сега постои официјална потврда. Нивото на среќа на мажот нема посебно влијание врз квалитетот на бракот, додека за сопругата, да се чувствува несреќно, може да влијае многу деструктивно за нивната врска.
Значи, постои едно едноставно правило од ова истражување, кое секој пар треба да го запамети: Среќна жена, среќен живот. Доколку сакате вашиот брак да биде успешен и општо среќен, потребите на жената треба да бидат задоволени. Кога сопругата е среќна во бракот, тогаш таа станува многу мотивирана да се грижи за сите други работи.
Доколку сте незадоволни од вашиот брак, разговарајте со вашиот партнер и кажете му како се чувствувате и така заедно работете на вашиот однос и променете ги работите кон подобро.