Секоја жена која оди на фризер, потребно е да го знае ова
Фризерскиот салон е омиленото место за релаксација на многу дами, без разлика на нивната возраст. И во таа активност нема ништо лошо. Но, денес ќе ве запознаеме со една опасност која ги демнее фризерските салони.
Пред да продолжиме, неопходно е да се објасни дека:
- Ова е возможно да се случи, но се случува ретко.
- Детално прочитајте го предупредувањето на амбалажите како што е текстот за алергиите, втиснат на кутиите од фарбите за коси.
- Внимателно избирајте го фризерскиот салон во кој ќе отидете.
Фризерските салони не се само место во кое дамите може да се разубават, туку и да одморат во потполност. Но, во истите тие салони постојат скриени опасности за човечкото здравје. Една таква опасност, лекарите ја нарекуваат „синдром на салонот за убавина“.
Еве што означува овој синдром- Погрешната положба на вратот доведува до затегнување на крвните садови, а тоа во одредени слуачи може да доведе и до мозочен удар. Траумата најчесто се случува за време на процесот на миење на косата. Неопходно е да се каже дека овој синдром не важи само кај жените, туку и кај мажите.
А еве и пример за тоа: Дејв Тејлор е Британец, кој има 45 години. Неговиот случај минатата година доби и медиумско внимание поради неговата невообичаеност. Дејв сосема рутински решил да го посети фризерскиот салон. Таа посета го збогати Дејв за 100.000 евра, откако судот пресуди во негова корист, но не на начинот на кој некој би посакал.
Што се случило? Два дена откако бил на фризер, Дејв се онесвестил за време на еден деловен состанок. Веднаш бил однесен во болница, а тогаш лекарот го прашал дали од неодамна се стрижел и дали при посетата во фризерскиот салон, му ја миеле косата.
Лекарите предупредуваат дека кога главата е наведната кон назад за да биде измиена во фризерскиот салон, при таа положба на телото, се притиска артеријата, која доведува до појава на згрутчување и постои можност во одредени случаеви да предизвика инфаркт.
Дали навистина се опасни фризерските салони?
Се подразбира, ниту еден фризер не сака неговите клиенти да имаат штетни последици два дена откако го посетиле неговиот салон. Целата таа опасност е поврзана со опремата која се користи, како и дали се користи правилно.
Покрај погоре опишаниот случај на Британецот Дејб, пример за друг таков случај е и младата мајка Елизабет Смит, која во Јануари 2014-та година, преживеала мозочен удар, а лекарите констатирале дека истиот бил предизвикан при процесот на миење на косата во фризерскиот салон, во кој пред тоа Смит била.
Според истакнатиот лекар Питар Гловицки, синдромот на салонот за убавина е предизвикан кога постои траума или крвно згрутчување во една од четирите главни артерии.
Основниот проблем е хиперекстензијата на вратот, која може да се појави при миењето на косата во салонот и да остане во таа положба одредено време.
Лекарите исто така истакнуваат дека тоа не значи жените да престанат со практикување на нивната омилена активност. Овие случаи се ретки, но сепак не е исклучена можноста и затоа иако се подразбира, не треба да престанете да одите на фризер, едноставно обратете внимание при делот на миење на косата, избирајте фризерски салон каде што знаете дека вработените се вистински професионалци и добро ќе се погрижат за вас.
Во ниту еден случај, при миењето на косата не треба да чувствувате неудобност или преоптеретување.