Доколку слушнете некои од овие 6 фрази, тоа значи дека партнерот веќе не е толку заљубен и следува крај на врската
Експертите од областа на врските и љубовта се едногласни, дека ова се знаците кои се показател дека мажот повеќе не ја сака неговата партнерка и дека следува крај на нивниот однос.
Еве за кои фрази станува збор:
1. „Не сум должен да ти се објаснувам“
Се подразбира, не треба партнерите да се чувствуваат како постојано да се на некаков полициско испрашување и дамите да ги тераат тие постојано го кажуваат секој нивен чекор, но сосема нормално е партнерите меѓусебно да си споделуваат како им поминал денот и дали има некаков проблем.
Доколку вашиот партнер не сака да споделува ништо за себе, најверојатно неговиот интерес кон вашата врска веќе се намалил.
2. „Тоа не е мој проблем“ или „Тоа е твој проблем“
Доколку вашиот партнер не се интересира за вашите чувства, дури и кога имате потреба од помош и поддршка, тоа е јасен знак дека вашата врска нема иднина.
3. „Доколку не ти се допаѓа, најди си некој друг“
Со овие зборови, вашиот партнер се обидува да ве манипулира. Според таквите партнер, вие треба да ги прифатите неговите недостатоци, а доколку една работа кај него не ви се допаѓа, тогаш слободни сте да го напуштите. Човекот кој ја сака својата партнерка и ужива во романтичната врска со истата, секогаш треба да биде расположен за компромиси.
4. „Не ти верувам“
Овие зборови најчесто ги употребуваат најсамоуверените и доминантни партнери. Овој тип на мажи сакаат објаснување и извинување дури и во ситуации кога вие не сте виновни. Всушност, тоа е само изговор да настане скандал и да стават крај на врската, префрлајќи ја вината врз вас.
5. „Прави што сакаш“
Оваа фраза точно означува дека на вашиот партнер му е сеедно сè во врска со вас и неговиот интерес не е како на почетокот. Не се интересира што се случува со вашиот живот и тоа значи дека тој веќе нема чувства кон вас.
6. „Навистина те сакам“
Фразата „ Те сакам“ означува дека партнерот ве сака, но кога е додаден и зборот „Навистина“, тогаш така фразата се користи кога партнерот се чувствува виновен за нешто и има потешкотии да ви докаже дека стварно ве сака, па изразот го користи како оправдување.
Понекогаш доколку вашиот партнер ви ја каже една од горенаведените фрази, тоа можеби е и само момент на лутина и нервоза. Но, доколку вашиот партнер пречесто ги употребува повеќето или сите овие фрази, тогаш сериозно преиспитајте ја вашата врска.