Еве 5 причини зошто треба да консумирате ракија
Консумирањето на ракија со себе носи неколку навистина позитивни здравствени придобивки, доколку се подразбира не се претера со нејзиното количество.
Доколку вашата сопруга често ве напаѓа зошто од време на време обожавате да консумирате ракија, без грижи, сега имате да употребите некои од овие лековити својства како ваш добар аргумент:
1. Го продолжува животот
Прекумерената консумација на ракија или било кој друг алкохол може да ви го скрати животот, но според експертите, умереното консумирање може да ви го продолжи.
2. Ослободува од стрес
Доколку ја консумирате во умерени количини, ракијата позитивно ќе влијае на вашиот нервен систем, така што ќе ве ослободи од стресот и ќе ве опушти.
3. Го намалува ризикот од мозочен и срцев удар
Одличната работа кај ракијата е што истата помага ефикасно да се намали количествто на холестерол, а со тоа и драстично го намалува ризикот од појава на мозочен или срцев удар.
4. Превентивно делува при настинка
Можеби сте знаеле, можеби не, но ракијата делува како одличен сируп против кашлица. Овој уникатен алкохол исто така помага во уништување на сите бактерии кои се наталожиле во грлото. Најдобар ефект ќе постигнете доколку ракијата ја измешате со мед и лимон.
5. Нема да добиете вишок килограми од нејзиното консумирање
Еве уште еден интересен аргумент- За разлика од газираните пијалоци и одредени видови на алкохол, ракијата има многу малку калории во нејзиниот состав. Со консумирањето на ракијата не само што ќе го намалите нивото на холестеролот, туку и нема да се здебелите.
Сето ова важи нормално доколку ја консумирате во умерени количества.