Директор открива дека оној кандидат кој ќе падне на тестот со шолјата кафе не е достоен за работата. Дали вие би го поминале?
Процесот за избор на кандидат за работа може да изгледа како лесна задача, но вистината е дека ова може да биде пеколно тешко.
Не е доволно само да имате добро резиме и да бидете добри во вашата работа, понекогаш е потребно се еден цел куп вештини и особини за да можете да се вклопите во вашата работна околина.
Неодамна, Трент Инес, извршен директор на успешната компанија Xero Australia, н откри дека кога интервјуира кандидати за интервју за работа, тој редовно прави едноставен тест со шолја кафе, и тоа понекогаш е клучно т.е одлучувачки дали кандидатот ќе ја добие работата или не.
Инес истакнува дека оној кој не успеал да го помине овој тест, едноставно не може да добие работа во неговата компанија. Сега тој објаснува за што станува збор.
„Најверојатно во моментот ќе ја откријам мојата тајна, но сепак ќе кажам. Кога ќе дојдете на интервју кај мене, ќе ве одведам во кујната и некако ќе ве натерам да одите таму со пијалок во раката. Кога ќе заврши интервјуто, ќе обратам внимание дали ќе се понудите да ја вратите валканата чаша назад во кујната“- вели Трент.
Тој во продолжение објаснува зошто смета дека ова е многу важно и која е причината зошто го спроведувал овој тест.
„Може да имате различни вештини, знаење и искуство, но на крајот, сè се сведува на вашиот став. И ставот кој јас сакам да го видам во мојот иден вработен се сведува на подготвеност за чистење на хаосот после себе. Го смислив овој трик, за да бидам сигурен, дека и покрај тоа што ќе работите во мојата фирма, ќе имате култура на однесување. Ова е совршен начин да провериме дали кандидатот го има вистинскиот став и дали ќе се вклопува во нашето работно опкружување.
Ако ги погледнете нашите кујни, ќе откриете дека тие секогаш се беспрекорно чисти кујната.“- заклучува Трент и додава дека само 10% од потенцијалните кандидати не се понудиле сами да ја вратат шолјата кафе назад во кујната.
Што мислите вие, дали вие би го поминале овој тест?