Лекар открива кои се 7-те видови на супер храна кои ја забавуваат атеросклерозата
Истакнат бугарски кардиолог Александар Масников редовно јавно споделува корисни совети како луѓето да се заштитат од различните видови болести.
Неодамна специјалистот откри кои производи најефикасно го штитат организамот од атеросклероза.
Атеросклерозата претставува заболување на крвните садови, која се карактеризира со нарушување на состојбата на ткивата на садовите, поради наталожување на т.н плаки на холестерол. При атеросклерозата, ризикот од тромбоза, мозочен и срцев удар значително се зголемуваат.
Д-р Масников смета дека дека еден од најдобриот вид на храна кој помага да се спречи наталожувањето на холестерол во крвните садови е лукот. Лукот, според лекарот е неверојатно средство во борбата против настинките, а воедно ефикасно го намалува нивото на холестерол во крвта.
Лукот се нашол и на врвот на листата на едно истражување направено од научниците во Нов Зеланд, кој истражувале на истата тема.
Листата содржи 7 видови на супер храна, која според експертите треба да ја консумира секој човек кој страда од зголемен фактор на ризик за заболување на срцевите и крвни садови, особено атеросклерозата. Еве кои се тие видови на храна:
- Зеленчуци
- Овошје
- Црвено вино во умерено количество
- Риба
- Темна чоколада
- Јаткасти плодови
- Лук