Таа има 21, а тој 66 години, што ќе кажете на ваквата љубов? Парот се запознал кога девојка имала едвај 14 години
И покрај нивната огромна разлика во возраста, Николај Костов и Вирџинија Џебан велат дека нивната љубов е вистинска и дека тие премногу се сакаат.
Парот се запознал кога Вирџинија имала едвај 14 години, а тогаш тој веќе бил на 59-годишна возраст. Откако предизвикаа бура од скандали и негативни реакции во јавноста поради нивната необична врска, младата Вирџинија му роди две деца на Николај.
Во моментот таа има 21 година, додека бизнисменот има 66.
Тие всушност го добија медиумското внимание откако една брана крај бугарскиот град Пловдив беше продадена на приватна фирма, откако претходниот раководител, поради долгови во компанијата, го доведе целокупниот бизнис до неуспех.
Тамошните медиуми и јавноста беа заинтересирани да знаат кои се новите сопственици, при што подоцна се откри дека тоа се токму овој необичен пар, кој сега поседува 51% од купените акции.