„Случајно ја повредив едната кутикула и започна да се насобира гној и да боли. За среќа овој рецепт на баба ми ме спаси за само 1 ден“
Доколку на некој дел од телото, поконкретно кожата ви појавил гној, неопходно е таа зона да ја исчистите. За таа цел ќе ви помогнат следните 3 лесни начини од народната медицина.
Ударен или повреден прст, искинати кутикули околу ноктите и слично, значи дека вашата кожата се здобила со одредена траума и се појавил гној.
Кога ќе се појави гној, тоа означува дека во телото, белите крвни зрнца дошле во допир со некој непоканет вирус, миркоби или бактерии, започнале да се борат против истите, но изумреле.
Гнојот секогаш треба задолжително да биде исчистен, бидејќи може да биде опасен по здравјето. Во продолжение откријте како со истиот да се справите на безбеден и ефикасен начин:
1. Сварена белка
Еден извонреден лесен, брз и удобен начин како да го решите проблемот со појавениот гној. Сварете јајце или повеќе јајца (во зависност од местото кое го лекувате). Врз повреденто место, нанесете изладена белка и завиткајте со крпа.
Оставете белката да отстои така врз раната во времетраење од 1 час, а кога ќе ја отстраните, ќе забележите дека гнојот исчезнал.
Доколку вашата рана е поголема и подлабока, повторете го третманот неколку пати.
2. Сода бикарбона
Уште побрз начин за справување со непријатниот гној и болка. Во чаша со топла вода додадете 1 кафена лажица сода бикарбона. Потопете го повредениот прст во добиениот раствор. По 5 минути или откако ќе се излади водата, ќе забележите како кожата малку се отворила и што притоа ќе го поттикне гнојот сам да истече.
Доколку е потребно, повторете го третманот неколку пати, но не заборавајте да ја смените водата т.е при секој нов третман, да направите нов раствор.
3. Сланина
Овој начин се смета за доста стар за лекување на гнојот, а најмногу бил практикуван и е познат при луѓето на село, кое правеле домашна сланина.
Потребно е да се исече тенко парче сланина и да се постави на болното повредено место. Истото завиткајте го во крпа. Откако ќе отстои 1 час, сланината се отстранува, а резултатите ќе бидат веднаш видливи, како при третманот со белката.