10 видови на необични дамки на кожата, кои не треба да ги занемарувате и за кои е потребна консултација со дерматолог
Состојбата на кожата е поврзана со општата здравствена состојба на човекот. Тоа значи дека бројни внатрешни заболувања неретко започнуваат да се манифестираат и надворешно т.е на кожата.
Таквото манифестирање се состои од појава на необични дамки на површината на кожата, во најразни форми.
Појавата на дамки во различна боја и различна големина може да биде предизвикана од не толку опасни здравствени состојби, но исто така причината можат да бидат и опасни нарушувња во организамот
Еве кои се 10-те најчесто застапени дамки по кожата, кои сигнализираат нешто посериозно:
1. Ангиома
Ангиома претставува кожна неоплазма т.е кожно образување кое наликува на бенка, а се состои од мали крвни садови и капилари. Ова е најчесто застапениот вид на ангиома.
Тие всушност претставуваат бенигни тумори, кои се резултат на прекумерено растрење на капиларите, а понекогаш може да сигнализираат и заболување на црниот дроб.
2. Псоријаза
Псоријазата се појавува на кожата, ноктите и зглобовите. Вообичаено ова заболување се појавува во форма на осип од лушпи во розова или црвена боја.
Од некоја причина, имунолошкиот систем им дава погрешни сигнали на клетките при горните слоеви од кожата и тие започнуваат да делуваат интензивно, образувајќи наслаги кои наликуваат на лушпи.
3. Фоликуларна кератоза
Овој вид на дамки претставуваат нарушување на кератинизацијата, при кое производството на кератин го блокира излезот на фоликулите на влакната.
Ваквите дамки може да се појават по кожата на лицето, особено кај децата. Најчесто се појавуваат во зимскиот период и ваквото нарушување е најчесто последица од недостаток на козметичка нега.
4. Папиломи
Папилома вирусот ги заразува клетките при површинскиот слој на кожата, односно епидермисот и затоа овие израстоци се појавуваат на било кој дел од телото. Бојата на папиломите најчесто варира од природната боја на кожата до кафеава боја, а ваквиот вирус може да се внесе во организамот преку контакт со неговиот носител, човек или животно, кои страдале од ова заболување.
5. Фоликулит
Фоликулитот е нарушување на кожата, при која фоликулите на влакната се воспалуваат. Вообичено виновникот за појава на истиот се крие во габична или бактериска инфекција.
6. Егзема
Типична карактеристика на егземата е појава на црвени дамки и осип по кожата, кои предизвикуваат чувство на чешање и горење. Егземата најчесто се појавува поради нарушување на заштитните функции на организамот при инфекции, кои лесно доведуваат до такво воспалување.
7. Брадавици
Брадавиците се често резултат на појава на инфекција, при основањето на специјалниот човечки папиломен вирус. Најголеми се можностите за нивно проширување при услови со највисока влажност. Односно, кога рацете на човекот се постојано мокри, многу полесно да се зарази кожата.
8. Возрасни дамки
При процесот на хипермигментација настанува одложување на мелатонин во длабоките слоеви на кожата, а овој процес надворешно се манифестира со дамки по кожата кои може да бидат во различна форма и големина.
Ваквата промена во пигментацијата може да биде забележана при хормонски промени, промени поврзани со менструалниот циклус, бременост и други видови на заболувања.
9. Себореична кератоза
Овој вид на кожно заболување се карактеризира со појавата на образувања на тумор по кожата. Најчесто се појавува кај луѓето над 50-годишна возраст. Себореичните кератоми растат бавно и имаат различни големини.
10. Трихофитија
Кога е засегнат скалпот, ова заболување предизвикува огнен косопад, а причината за неговата појава не е ништо повеќе од габична инфекција. Самата состојба по себе не е многу опасна, но е доста заразна.
Секој од нас знае дека здравјето доаѓа на прво место, па затоа доколку забележите некоја од овие или било какви необични дамки и осипи на вашата кожа, навремено консултирајте се со дерматолог.
Соодветниот третман ќе ви овозможи побрзо нормализирање на вашата здравствена состојба, а бидејќи истиот потребно е да биде од врвен квалитет, најдобро е вашата кожа да ја препуштите на вистински професионалци кои го нудат само најдоброто, како што е дерматолошко-естетската ординација- Др.Анчевски, која преку современи методи веќе има развиено и вклучено бројни третмани за разни кожни заболувања, како горенаведените.