6 начини како да ги активирате хормоните кои ќе ви помогнат побрзо да ги согорите масните наслаги
Хормоните играат огромна улога во тоа како функционира нашето тело и секој од нив е одговорен за специфична работа. Додека едниот нè прави да се чувствуваме гладни, другиот го прави токму спротивното.
Додека еден му кажува на нашиот мозок дека треба да складираме само маснотии само, друг пак го активира телото да започне да ги согорува, како утре да не постои. Трикот се состои во тоа како да научиме да ги активираме хормоните кои ни влијаат позитивно и како да ги исклучиме негативните.
Денес ви откриваме 6 начини како тоа може да го направите:
1. Хормонот кој ве тера да се чувствувате гладни
Грелин е хормонот што испраќа порака до вашиот мозок дека е време за јадење. Интересен факт е дека намалувањето на внесот на калории го стимулира производството на грелин, па дури иако сте биле на нискокалорична диета 12 месеци, неговото ниво може сè уште да биде високо. Ова е една од причините, зошто диетите со нискокалорична хранлива вредност не се ефикасно на долгорочен план. Нашето тело едноставно не може да се навикнеме на тоа.
Што може да направите?
Добрата вест е дека интензивните кардио вежби можат да го намалат нивото на грелин.
Кардио вежбите може да вклучуваат трчање, тежински вежби, бокс и слично, сè додека работата на срцето се крева на одредено ниво. Постигнувањето на ова ниво е важно и има многу различни алатки што можете да ги користите за да го прочитате отчукувањата на срцето. Но, постои полесен начин да сфатите кога сте го достигнале тоа. Доколку дишете пребрзо и сè уште можете да зборувате, но не можете да пеете, тогаш ритамот на вашето срцето е најверојатно на вистинското ниво.
2. Хормонот кој ви кажува да јадете помалку
За среќа, нашето тело произведува и хормони кои му кажуваат на мозокот да користи повеќе калории и да јаде помалку, а лептинот е еден од нив. Се произведува од масни клетки, што значи дека колку поголема е нашата телесна тежина, толку повеќе лептин имаме. Што звучи одлично, но по одредена фаза, нашето тело го добива она што специјалистите го нарекуваат отпор на лептин, состојба во која мозокот не може да го прочита сигналот на лептин.
Што може да направите?
Решението е едноставно, храната што е богата со антиоксиданти ја зголемува чувствителноста на лептин. Списокот на храна што е богата со антиоксиданти е многу долг и секогаш можете да пронајдете нешто што ви се допаѓа. Губењето тежина има ист ефект и на крајот, колку повеќе телесна тежина ќе ја изгубите, толку е посилен ефектот на лептин.
3. Хормонот кој апсорбира шеќер
Инсулинот е многу важен за нашата благосостојба, го регулира нивото на шеќер во крвта и ни помага да се стабилизираме по интензивното вежбање. Нашето тело ослободува инсулин кога консумираме јаглехидрати и им помага на клетките да ја апсорбираат гликозата. Гликозата се користи за енергија, но ако добиеме повеќе гликоза отколку што треба, сите остатоци ќе се претворат во маснотии.
Што може да направите?
Решението е да ги добиете повеќето ваши јаглехидрати од зрна, зеленчук и овошје кои имаат низок гликемиски индекс (ГИ). Колку е понизок ГИ, толку побавно гликозата се ослободува и толку подолго може истата да се користи. Ова не значи дека треба да држите строга диета, само треба да ја замените храната со висок ГИ за храна со низок ГИ. На пример, белиот ориз може да се замени со кафеав ориз, или инстант овес со класични овесн снегулки. Трикот е многу едноставен.
4. Хормонот кој му кажува на нашето тело да согорува маснотии
Адипонектин е исто така се произведува од масните клетки и убавината кај овој хормон лежи во тоа што ја зголемува нашата чувствителност на инсулин и го поттикнува нашето тело да согорува маснотии и притоа истите да ги претвора во енергија.
Што може да направите?
Можете да ги зголемите нивоата на адипонектин со зголемено движење во текот на денот и исполнување на вашето дневно мени со монозаситени масти, како риба, ореви, авокадо и маслиново масло. Консумирањето на ниско ниво на јагленохидрати за вечера, исто така, го зголемува производството на адипонектин.
5. Хормон кој ги користи маснотиите
Глукагонот е хормон кој работи на спротивен начин од инсулинот. Глукагонот помага во разградување на складирани јаглехидрати и масти и ги користи за енергија. Колку повеќе глукагон имате во вашето тело, толку покорисен истиот ќе биде.
Што може да направите?
Храната богата со протеини и малку јаглехидрати е најдобриот начин за зголемување на нивото на глукагон. Рибите, месото, морска храна, тофу и оревите се само мал дел од листата на храната која ви е потребна.
6. Хормонот кој го намалува апетитот
Епинефрин, познат и како адреналин, се ослободува кога чувствуваме многу силни емоции, страв или лутина, кои бараат брза реакција, и затоа е исто така овој хормон е наречена борбен хормон.
Во суштина, овој хормон се ослободува во многу специфични ситуации кога нашиот мозок ќе ни каже дека можеби ќе треба да бидеме подготвени за некое дејство, да бидеме брзи или силни и го поттикнува нашето тело да започне да користи складирани масти како гориво за енергија. Исто така, го потиснува нашиот апетит, така што нашето тело е подготвено за брзо дејство.
Што може да направите?
Најдобар и најздрав начин за зголемување на нивото на епинефрин е преку практикување вежби со висок интензитет, пропратени со соодветни паузи..
Така на пример, за почеток, може да започнете со забрзано движење, а паузата всушност да биде намалениот интензитет т.е бавното движење.