Привлекувањето меѓу овие хороскопски знаци е фатално, при што подоцна следува вистински кошмар
Фаталното привлекување е микс од емоции меѓу две души, кое не секогаш завршува на најпријатен начин, но пак чувствата остануваат засекогаш, бидејќи се силни и вистински.
Доколку сакате да бидете во тек со „хороскопските случувања“ погледнете ја мобилната апликацијаХороскоп на македонски јазик, која можете бесплатно да си ја инсталирате на вашиот мобилен телефон преку Google Play (кликнете овде).
Еве кои хороскопски знаци се привлекуваат на фатален начин:
1. Бик и Риби
Следејќи го правилото дека спротивностите се привлекуваат, меѓу Бикот и Рибите навистина пламнува чудесна страст, благодарение на која, на почетокот и двата хороскопски знака се слепо заљубени и не обраќаат внимание на останатите работи. Но, кога пламенот ќе спласне и кога овие два знака ќе започнат да се запознаваат подобро, ќе откријат дека меѓу нив има огромни разлики. Рибите бараат чувствителност и го негуваат нивниот социјален живот, додека Биковите претпочитаат да седат дома и да одмараат.
2. Лав и Водолија
Во моментот кога либералната Водолија ќе се запознае со моќниот Лав, меѓу нив буквално се раѓа пожар од силни чувства и емоции. Сепак, во одреден момент, егото на огнениот знак не наоѓа на толеранција кај исто така не толку трпеливата Водолија. Лавот пак од друга страна го иритира непостојаноста и слободумноста на воздушниот знак. Во крајна сметка, нивните караници се претвораат во нивното секојдневие, при што очигледен е крајот на нивната љубовна врска.
3. Девица и Скорпија
Иако на почетокот, меѓу овие два хороскопски знака се јавува неконтролирана страст, многу набрзо започнуваат да се истакнуваат разликите меѓу овие претставници. Дисциплинираната Девица која секогаш се стреми кон перфекционизам посакува да ја има комплетната поддршка од партнерот во нејзините замисли, но Скорпијата не успева тоа да го реализира. Дополнително, водениот знак не го поднесува спокојството и мирот, кон кои Девицата секогаш се стреми. На крај, она што започнало како мед и млеко, не завршува добро.