5 причини зошто не носењето градник е добро за вас
Градниците постојат уште од античка Грција. Денес скоро секоја жена носи еден и за истиот се вели дека носи бројни придобивки со себе. Но, постојат 5 златни причини кои изненадувачки го докажуваат спротивното.
Еве зошто доколку не носите градник, тоа подобро ќе влијае врз вас и вашето здравје:
1. Ќе се подобри циркулацијата на вашата крв
Сакаме облеката да биде удобна, но истовремено градниците да бидат цврсто наместени. И доколку подобро размислите за ова, градниците се само тесно парчиње облека кои го притискаат ткиво на градите. Сета таа затегнатост и притисок може да влијае врз крвните садови и да ја попречи циркулацијата на крвта, исто како и секое друго парче тесна облека.
Одењето без градник ќе го поттикне слободниот проток на крвта, давајќи им здрав изглед на вашите градите и притоа ќе се подобри целокупниот проток на крв во организмот.
2. Ќе го подобрите квалитетот на сонот
Дел од жените имаат навика носат градник во текот на ноќта додека спијат. Но, оваа навика е нездрава. Истата го нарушува влијанието врз вашиот деноноќен ритам, како што е откриено во едно истражување. Затоа, најдобро е да го соблечете градникот пред да отидете на спиење, за да имате што поквалитетен сон.
3. Можеби ќе се здобиете со поголема големина на градите
Честопати градниците се користат за да се постигне поголем волумен. Но, најлесниот начин да се добијат поголеми гради е токму да не се истите притискаат со облекување на градници. Тоа е затоа што кога градите висат природно, ги принудуваат пекторалните мускули да работат против гравитацијата. Значи, иако градите навистина нема да пораснат, зацврстените мускули ќе ги направат вашите гради визуелно да изгледаат поголеми.
4. Вашите гради ќе бидат поцврсти и поиспакнати
Професорот Жан-Денис Руилон од Универзитетот Бесанкон поминал 15 години проучувајќи ја анатомијата на жените. Според неговите сознанија, по една година доколку не носите градник, градите во просек ќе пораснат за 7 мм повеќе отколку кај оние дами кои постојано носат градник. Слични резултати беа претставени и во јапонски истражувања.
5. Ќе се подобри целокупното здравје на вашите гради
Отфрлањето на градникпт, исто така, може да помогне во подобрување на здравјето на вашата кожа и мускулите бидејќи на тој начин ќе се подобри протокот на крвта, ќе се затегне тонусот на мускулите, а потта и нечистотијата повеќе нема да останат заробени во близина на кожата како при носењето на градниците.
Исто така според некои експерти, редовното носење градник може да доведе до обезбојување на вашата кожа или да резултира во нерамномерен тон на кожата. Појавување на дамки во темна боја на вашата кожа е исто така можно.