Таблица на баба Ванѓа за определување на полот на бебето, која проценува со голема точност
Многу од идните родители кои се во очекување на раѓањето на новиот член на семејствтото секогаш се љубопитни да дознаат дали тоа ќе биде момче или девојче.
Таблицата на баба Ваѓа која се карактеризира со голема точност, го опредлува полот на бебето, пред истото да се роди. Чудесната таблица на пророчицата е создадена заедно со помошта на нејзината ученичка Људмила Ким. Обидот на многу жени покажува дека таблицата ја дава можност за точно определување на полот на бебето уште во моментот на неговото зачнување.
Таблица на баба Ванѓа
Таблицата е многу едноставна: Во една колона е возраста на жената, а во другата- месеците кога е зачнато бебето или кога сакате да го зачнете.
При пресечната точка на овие два параметри, може се види точниот резултат: Темно зелената ќелија значи момче, а светло зелените ќелии ја даваат прогнозата за девојче.
Основната потешкотија за користење на таблицата на баба Ванѓа е сложеноста во определување на датумот на зачнувањето на бебето. Понекогаш родителите не можат да го знаат точниот датум, особено кога бременоста не е планирана.
Постои и научен метод со чија помош може да се одреди полот на бебето.
За полот се одговорни сперматозоидите. Тие доаѓаат во два вида, X или Y. Доколку бебето е зачнато со сперма од X-тип, тогаш ќе се роди девојче, а со Y-тип, момче. Токму затоа, доколку идните родители мечтаат за раѓање на машко дете, парот треба да се обиде да зачне директно на денот на овулацијата.
Доколку парот претпочита женско дете, тогаш зачнувањето потребно е да се одвива 3-4 дена пред овулацијата. Оваа шема е поврзана со директната функција на сперматозоидите.