Зошто треба да консумирате компири доколку сакате да ослабнете и како точно треба да ги приготвите
Во областа на диеталната исхрана, спротивните ставови околу компирите речиси никогаш не стивнуваат. Од една страна, скоро цел свет се храни од истите, а од друга страна повеќето диети ја забрануваат неговата консумација.
Колку калории има во компирите?
Доколку сметате дека е невозможно да ослабнете консумирајќи компири, тогаш ќе бидете изненадени дека овој зеленчук е всушост корисен во борбата за губење на вишокот килограми. Во 100 грама варени компири има приближно 82 калории, 2 гр протеини, 0.4 гр масти, 2.2 гр хранливи влакна и 16.7 гр јаглехидрати.
Дали тоа е многу или малку? Споредете го компирот со леќата. Варената леќа има енергетска вредност од 93 калории во 100 грама, што ја прави повеќе калорична од компирите, а притоа го имаат истото нивото на хранлива вредност и јаглехидрати.
Калории во 100 грама компири според начинот на кој се приготвени
- Варени компири- 82 калории
- Пржени компири со путер- 200 калории
- Пржени компири во масло – 266 калории
- Пире од компири со млеко – 115 калории
- Чипс од компири- 500 калории
Тоа ви дава појасен преглед кој начин е најдобар за нивна подготовка. Исот така, компирите во неприготвена свежа форма содржат само 60 калории.
Што содржат компирите?
Како и сите свежи зеленчуци, така и компирите содржат бројни биофлавоноиди и антиоксиданти, притоа исто така содржи големо количество на витамин Ц, неколку прости шеќери, без масти и никаков холестерол. Токму поради оваа негова високохранлива и квалитетна содржина, во текот на пролетниот и летниот период може да се чувствувате слободни да ги консумирате компирите колку ќе посакате.
Истовремено сложените јаглехидрати доставуваат до организамот одредени корисни микорелементи, кои му овозможуваат енергија на телото во текот на целиот ден. Затоа тие не треба да се избегнуваат, туку сосема спротивното.
Бројни истражувања докажаа дека природното нишесте кое што се содржи во компирите успешно ја спречува појавата на рак, го спречува развивањето на атеросклерозата, го намалува холестеролот, ве тера долго време да заборавите на гладот и ги намалува телесните масти. Затоа воопшто не треба да се плашите од нишестето во компирот, бидејќи компирите на ниту еден начин не ја надразнуваат стомачната лигавица.
Компирите се богат извор и на калиум, која ефикасно го отстранува вишокот течности во организамот, што го прави одличен избор на исхрана за оние кои имаат проблеми со бубрезите. Овој зеленчук ја спречува појавата и на утринската стомачна подуеност.
Честопати, компирите се обвинети дека содржат високи количества на јаглехидрати, кои го поттикнуваат зголемувањето на телесната тежина, но сепак нутриционистите сметаат дека доколку изберете да консумирате правилна калорична диета, јахлехидратите од компирите само ќе бидат во ваша полза.