„Тестирав 8 луди популарни трикови за убавина на себе и сега знам кој од нив вреди злато“
Блогерите користат секакви трикови со цел да го направат процесот на шминкање полесен и поевтин, при што употребуваат прибор за јадење, детска козметика, па дури и градежни материјали, како што е селотејп.
Понекогаш, овие работи изгледаат сосема необични за оваа намена – но дали се навистина функционални?
Во продолжение следуваат резултатите на една девојка која решила да тестира популарни трикови за убавина од Интернет и да ја открие вистината за нивната функционалност:
1. Создавање на совршен тон
Трик: Користете 2 бои на цврст коректор – темен и светол – нацртајте шаховска табла од квадрати и измешајте ги заедно. На овој начин, тонот ќе биде што е можно поеднаков.
Мојот резултат: Мојата кожа изгледа совршено. Не беше потребен многу коректор колку што мислев. Но, слојот на основата беше премногу густ за мене. Како и да е, овој козметички трик дефинитивно функционира.
2. Ослободете се од темните кругови под очите со помош на црвен кармин
Трик: Можете да користите црвен кармин и коректор за да ги сокриете темните кругови под очите. Редоследот на чекори бара да земете четка за сенчање и да го нанесете карминот околу пределот под очите. Покријте го црвениот пигмент со коректор и користете сунѓер за да ја изедначите бојата.
Мојот резултат: Навистина вложив труд и се обидов, но без оглед на тоа што и да направев или колку пудра и коректор да ставев, сè уште не можев да ја сокријам розовата боја и го уништив мојот сунѓер за шминкање. Си ги сакам темни кругови да се вратат назад. Овој трик воопшто не функционира.
3. Цртање на крилја со туш, користејќи лажица
Трик: Обична лажица може да ве спаси од цртање нерамни крилја со различна дебелина. Притиснете ја лажицата наспроти аголот на окото и направете линија со вашиот туш за очи.
Мојот резултат: Во првиот обид успеав да извлечам идентични крилја. Ја притиснав лажицата близу до веѓите и добив едноставни крилја, скоро без искривување. Ветувам дека ќе вежбам и користам овој трик, бидејќи тој навистина функционира.
4. Контурирање на носот со вилушка
Трик: Вообичаена вилушка ви овозможува да нацртате 3 многу рамномерни линии на носот – една светла во центарот и 2 потемни линии на страните со цел да создадете илузија на потенок нос.
Мојот резултат: Линиите беа премногу тенки и кога ги изедначив со сунѓер, не забележав никаков ефект. Кога не користам вилушка, коректорот се става во подебели линии. Овој трик никако не ми го олеснува животот, затоа не функционира.
5. Драстично зголемување на усните
Трик: Ова е совет за зголемување на усните. Само направете линија со молив, нацртајте посебна шема на усните, а потоа покријте ја целата со полесен кармин и ставете малку сјај за усни на врвот.
Мојот резултат: Моите усни навистина изгледаа поголеми. Сјајот не им дозволуваше на луѓето да видат колку далеку беа линиите над моите усни. Изгледав како да штотуку имав посетено козметичар. Овој трик функционира супер!
6. Користење на селотејп за создавање на рамномерен тон на јаболчица
Трик: Може да користите селотејп за контурирање на лицетп. Блогерката Худа Катан го измислила овој метод кога ставила селотејп на лицето пред да нанесе шминка. Не планирам да го сторам истото како што таа направи, но ќе го испробам ова на образите. Морам да ставам 2 парчиња селотејп на секој образ, да ставам неколку нијанси на триаголникот, да го отстранам, па дури и да го изедначам производот за да ги сокријам јасните линии.
Мојот резултат: Јас сум задоволна од резултатот, особено ми се допадна градацијата. Мислам дека ова контурирање изгледа многу природно. Постои причина зошто овој трик е толку популарен – тој дефинитивно функционира.
7. Користење на кармин за цртање крилја на очите
Трик: Можете да нацртате крилја на очите со кармин со помош на четка за сенчање.
Мојот резултат: Мојата шминка изгледаше многу необично – никогаш порано не сум носела ваква боја. За жал, истата не трае долго – 20 минути подоцна, карминот беше на горниот очен капак и се ширше наоколу иако се обидов да го исушам. Не е многу практично да се користи овој трик во реалниот живот, бидејќи истиот не е многу функционален.
8. Да ги направите трепките поволуменозни
Трик: Овој трик ви помага да го зголемите волуменот на трепките со бебешка пудра или обична козметичка пудра. Потребно е да ставите еден слој маскара, а потоа додадете малку прав на врвот и да нанесете уште повеќе маскара. Трепките треба да изгледаат природно и големи.
Мојот резултат: Само што ставив малку маскара како што обично правам на едното око и го испробав трикот за едната страна. Не забележав голема разлика, така што овој трик не функционира.