Како да направите едноставни и меки житни плочки. Имаат одличен вкус и е се прават неверојатно лесно.

honey-nut-cheerios-cereal-bars-22

Потребни состојки:

3 шолји житарки со мед
¼ шолја печен лупен сончоглед
½ шолја мед
¼ шолја кафеав шеќер
1 шолја сушени сецкани јаболка
½ лажиче мелен цимет
½ шолја путер од кикирики

 

Искршете ги житарките или измелете ги малку во блендер. Потоа измешајте ги со сончогледот.

Медот, кафеавиот шеќер, јаболката и циметот ставете ги во сад и загревајте ги до слабо вриење со повремено мешање. Тргнете ги од шпоретот и додадете го путерот од кикирики. Добро измешајте и ставете ја смесата во тава обложена со алуминиумска фолија. Добро притиснете ја смесата и ставете ја да се излади 1 час во фрижидер.