И покрај тоа што сè уште е табу тема до одреден степен, депресијата е сериозен проблем кој секогаш има потреба од итно решение. Депресијата е состојба при која се чувствувате немоќни и осамени и е повеќе типична за жените, отколку за мажите.

Како подмолна состојба, депресијата е многу тешка да се дијагностицира, особено ако пациентот не е подготвен да покаже било какви поврзани симптоми. Покрај тоа што личноста е под стрес и се чувствува безнадежно, има многу други индикации за присуство на депресија кај жените.

7 рани симптоми на депресија кај жените:

1. Без енергија

Депресијата ви ја одзема волјата да бидете активни и добро расположение. Доколку чувствувате замор и сте премногу исцрпена без добра причина, може да се соочувате со форма на депресија.

2. Недостаток од сон

Несоницата и сродните проблеми со спиењето можат да бидат директни знаци на депресија кај жените. Ако се будите среде ноќ, борејќи се да се вратите на спиење, депресијата може да биде причина за тоа.

3. Чувство на очај

Очајот е ужасно чувство и јасен симптом на депресија. Жените кои се борат со депресија, честопати ќе се чувствуваат безнадежно, не наоѓајќи излез од некоја ситуација, односно немаат способност да пронајдат светла точка.

4. Промени во расположението

Депресијата е тешка состојба за дијагностицирање, но доаѓа со многу ескалациони промени во расположението. Кај жените, ненадејната промена во расположението кон лутина или револт може да биде знак на депресија, кој притоа може да им ги наруши односите со најблиските и пријателите.

5. Нарушување во исхраната

Депресијата го потиснува апетитот кај жените, што подоцна може да доведе до многу проблеми во исхраната и дополнителни здравствени проблеми.

6. Недостаток од интерес кон било што

Жените кои страдаат од депресија, честопати губат интерес за сè што прават. Од едноставна работа како интимноста со партнерот, недостатокот на волја може да биде ран знак за ова нарушување.

7. Себе-повредување

Жените кои се борат со депресија честопати доживуваат мисли поврзани со смртта и размислуваат за самоубиство во еден или друг момент. Самоубиството никогаш не е решение и ваквите мисли можат само да го зајакат и влоши стадиумот на депресија во која сте.

Знајте дека депресијата, а особено кај жените, е многу лесно да се забележи и дијагностицира. За тоа, искрен разговор или добивање стручна помош може да придонесе за надминување на состојбата и враќање во вашиот среќен, исполнет живот.