Не секогаш дезодорансите и антиперспиранти може да помогнат. Овој едноставен, но многу ефикасен антиперспирант ќе ве спаси од незгодни ситуации и непријатни чувства.

СОСТАВ

1 литар вода

30 г камилица

1 лажичка сода бикарбона

ПОДГОТОВКА

Во зовриена вода ставете сува или свежа камилица.

Тргнете го садот од огнот и оставете да се олади, па прецедете. Потоа додадете сода бикарбона и добро измешајте.

Мачкајте ги пазувите со оваа течност два пати на ден.

Чувајте ја смесата во фрижидер, не повеќе од една недела.